После пpeлежан грип или вироза, честопати се случува да остане долготрајната кашлица. Овој проблем најдобро е да се peши со природни препарати. Една билка посебно се истакнува кога станува збор за овој проблем, а тоа е слезот.

корен од бел слез




Расте самонико и традиционално се употребува за лекување на проблеми со дишни патишта. Меѓутоа, малкумина знаат како правилно се приготвува оваа билка. Кај секој вид кашлица основно правило е да се обидете да го спречите дополнителното надраз-нување предизвикано од кашлицата и на тој начин да се спречи понатамошно оште-тување на слузокожата.




Слезот за оваа намена е исклучителна. Оваа билка во медицината се смета за една од најдобрите средства за обложување на воспалената слузокожата и сми-рување на кашлицата. Но, за да се сочува лековитото дејство, мора да се приготви во ладна вода, а не да се готви како што е случај со останатите.




Таквото дејство го има благодарение на големото количество слуз. Меката структура на слузта овозможува обложување на слузокожата, па на тој начин ја штити и ги ублажува иритациите. Затоа слезот е едно од најчестите билни средства кое се користи за ублажување и олеснување на искашлувањето.




Во респираторниот систем екстрактот од оваа билка ги намалува спазмите на мускулите и ја обложува слузокожата, па на тој начин ја смирува сувата и иритирачка кашлица. Чајот од слез поволно делува на кашлица, инфекции на грло, бронхитис и белодробен катар. Се препорачува и како лек кај бронхијална астма и почетна тубер-колоза на бели дробови.




Чајот од лушпи од бадеми е исто така многу делотворно средство за лекување на кашлицата. Сувата смоква и лимонот обилуваат со огромна количина минерали и погаат во лекување на воспалени дишни патишта.




Овој сируп ги обединува најсилните и најдобрите намирници во бор-бата против кашлицата и воспаленото грло. Особено одговара за деца, бидејќи има пријатен вкус.




Потребни состојки: 1 кг шеќер, 8 суви смокви ситно исечкани, 2 лимони исечкани со кора, 1 полна рака тврди лушпи од бадем, 1 пакување слез (мешавина од лист, стебленце и корен) и 800 мл вода




Постапка: најпрво се приготвува слезот, а притоа е најважно да се сочува што повеќе од неговата слуз. За да го постигнете тоа слезот треба да го потопите во ладна вода што подолго време (5-6 часа). Потребно е барем неколку часови за да почне слезот да ја испушта слузта. Најголема греш-ка е ако се вари слезот како што се приготвуваат другите билни напитоци.




Температурата ја раз-бива структурата на слузта и таа веќе не може ефикасно да се лепи на слузокожата. Се менува хемискиот состав и добивате само мал дел од лековитото дејство.

Значи, слезот се приготвува така што се натопува во 300 мл ладна вода 5-6 часа. После тоа се процедува и се загрева на млака температура, само колку за да е попријатно пиењето. Со оваа течност можете да ги го навлажнувате носот (да си ставите во шишенце со капалка).




Во 300 мл растопете го шеќерот, а истовремено додајте ги и лушпите од бадемот, сечканиот лимон и смоквите. Загревајте до вриење и оставете поклопено да се лади. Кога ќе биде млако добро процедете и додајте го чајот од слез. Складирајте во стаклени тегли и чувајте во фрижидер. Поради шеќерот овој сируп има подолг рок на траење.

Д озирање: Возрасни земаат голема лажица, а децата мала, трипати на ден. Шеќерот од овој рецепт може да го замените со 1 тегла мед. Во овој случај сирупот ќе биде поредок и треба побрзо да се потроши. Медот е сигурно поздрава опција, но шеќерот подобро конзервира и го прави сирупот погуст.