Овој чај има слатко-горчлив вкус, одличен е против дијареа, цревни воспаленија, прочистување на крвта, за жени кога имаат болна менструација, за опуштање на мускулите. Извор е на витамини. Јас го пијам од кога знам за себе, го пијам по потреба и секогаш ми помага. Верувам дека добро ќе им дојде на сите оние кои не знаеле за овој чај – Сандра.
Потребни состојки:
5-8 листови
1 литар вода
По желба да се заслади со мед
Постапка:
Набраните млади листови ставете ги на хартија и оставете ги да се исушат. Најдобро на темно и суво место.
Сувите листови се прелеваат со врела вода, се оставаат околу 20 минути. Чајот доколку сакате засладете го со мед, но најдобро е да се пие незасладен. Може да го пијат и млади дечиња. Во случај на дијареа се ставаат 8 листови.
Може да се варат само листови од капини или малини одвоено.