Здраво! Би сакала да го споделам со вас рецептот за овој еликсир, бидејќи веќе две години го правиме во нашето семејство и никој досега не се разболел. Почнувам да го правам штом дојде есента, го јадеме и зимно време и во пролет. Мислам дека овој еликсир не’ заштитува подобро отколку сезонските вакцини за грип, но секако вие ќе си одлучите дали ќе го приготвите, во секој случај многу е здрав! – Весна М.

Потребни состојки:

6 чешниња лук

6 см корен од ѓумбир

2 лимони (еден цел со кора, исечкан на коцки, а од вториот само сокот)

Мед по потреба

Постапка:

Ситно исечкајте го ѓумбирот и лукот, колку поситно тоа подобро, бидејќи така се испуштаат повеќе лековити сокови.

Ставете ги во стаклена тегла, заедно со лимонот исечкан на коцкички (заедно со кората, ама да биде домашен, непрскан, или исчистен со сода бикарбона). Прелијте со сокот од вториот лимон.

Сето прелијте го со мед. Мед додадете толку колку да се прекријат другите состојки (јас потрошив околу половина кг)

Оставете да отстои на собна температура една седмица пред употреба. Потоа доколку сакате, процедете ја смесата низ газа, но, доколку ви одговара, оставете ги сите состојки внатре и јадете ги заедно.

Употреба:

Консумирајте по една, две лажици дневно. Јас не го прецедувам еликсирот, туку го јадеме заедно со сите состојки. Бидете здрави!

Коментар на Erhani Mullaaliu:

“NMD.mk jas koristam 2 korena od gumbir, 8 glavici luk domashen ne ovoj kineskiot i 1 kg med. Seto toa se mesha i mele pa posle 2-3 dena go koristam so drvena lazica na sabajle pred jadejne po 2 do 3 lazicki. Posle 4 dena ke ima efekti odma”