Секое утро пијте БРОНХИ напиток за да ги одбегнете есенските вируси

Случајно го слушнав рецептов од маалската продавница од нашата продавачка која тогаш ми рече дека секое утро си го прави напитоков за себе и за своето дете. Го пробав и јас, навистина е делотворен, ги отвора дишните патишта, вкусен е и убаво делува на целиот организам. Па кој сака, нека повели.

Количините што се однесуваат за две чаши, односно за две особи.

Потребни состојки:

500 мл млеко

5-6 бронхи бонбони

Постапка:

Половина литар млеко сварете и додадете 5-6 бронхи бонбони. Нека провријат бонбоните и нека се растопат, па млекото ќе добие кафеава боја.

Се пие топло, бидејќи ги прочистува дишните патишта, го освежува здивот, ја ублажува кашлицата, делува смирувачки врз бронхиите и грлото.

Пробајте! Можеби веќе сте слушнале за овој напиток, а ако не сте слушнале, топло ви го препорачувам за овие есенски денови и зимата која ни претстои.

Претходна статијаИспробан лек за груби и испукани пети, дланки, калуси на стапала и грди нокти
Следна статијаЕликсир од ѓумбир и лук против вирози, за јакнење на имунитет и подобра циркулација