Лековитите својства на јагленот се базарираат на неговата извонредна способност да се врзува за бактериските токсини и другите токсични материи кои се внеле во организмот, или пак се производ на метаболичките процеси.
КАКО СЕ ДОБИВА ЈАГЛЕНОТ?
Растителниот јаглен се добива со согорување на дрвото, а процесот е прекинат токму во фазата кога е целосно вжарено.
За добивање јаглен се користи дрво од еукалиптус, липа, орев, цреша, јаболко или некое друго дрво.
Јагленот може да се создаде, ако жарот се стави во некој сад и херметички се затвори, или пак ако се покрие со лимена плоча и се покрие со земја. На овој начин се добива т.н. активен јаглен, кој потоа треба да се истолчи во аван или да се смеле во мелница за кафе. Колку е поситно смелен јагленот, толку е поделотворен.
ОРАЛНА УПОТРЕБА:
Активниот јаглен се пие при: непријатен здив, чир на желудник, воспаление на цревата, проблеми со дигестивниот тракт, колитис, жолтица, канцер и труење.
Употреба:
1-2 супени лажици јаглен во прав, разматен во малку вода, се пие 2-3 пати дневно, пред јадење.
За деца: течноста се подготвува од вечер да отстои, а следниот ден се пие течноста без талогот.
НАДВОРЕШНА УПОТРЕБА:
Во вид на облоги, се користи при: рани, убоди од инсекти, целулит, поткожен чир, абдоминални болки, разни воспалителни процеси, повреди на зглобови, екзема и др.
Облога од јаглен во прав и ленено брашно
Лененото семе се меле и се добива брашно, кое потоа се меша со јагленот во прав во еднакви делови (1:1). На една лажица од мешавината се додаваат три лажици вода (1:3). Течноста се става на среден оган, па се готви со постојано мешање се додека смесата не стане леплива. Се нанесува на повеќеслојна газа, се покрива со пластична фолија а одозгора со крпа; се фиксира со завој, и се држи од 1-8 часа. По отстранувањето на облогата, местото се трие со крпа натопена во алкохол.
Паста за ревматични и повредени зглобови, артритис
Се прави паста од јаглен во прав и чај од лута црвена пиперка (2 лажички пиперка во прав со 250 мл врела вода, да отстои 5 мин). Се нанесува пастата (со дебелина од 5-6 мл) на неколкуслојна газа. Врз облогата се завиткува пластична фолија, и одозгора се става крпа, или волнен материјал, па се фиксира со завој.
Облогата треба да стои 1-8 часа. Кога ќе се отстрани, кожата треба да се трие со крпа натопена во алкохол.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Јагленот ако се става врз отворена рана, може да ја обои кожата и делува како средство за тетовирање.
Јагленот може да се употреби како освежувач и прочистувач на просторија, фрижидер, садови и др.