Многу вкусни домашни бомбици кои се приготвуваа за пет минути. Освен што се вкусни, тие се и здрави бидејќи не содржат бел шеќер, а сепак се слатки. Може да бидат здрава закуска за целото семејство. Едноставно се приготвува од вашите омилени јатки и суво овошје кое може да го комбинирате според ваш вкус. Еве го нашиот предлог:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г бадеми (несолени, сирови), 20 г кокосово брашно, 130 г урми без семки, 25 г несолени кикирики, 2-3 лажици мед. За чоколадна глазура: 120 г млечно или црно чоколадо по избор и 1,2-2 лажици масло
ПОСТАПКА: 200 г сирови бадеми сомелете ги во блендер или „сечко“ (по желба можете претходно малку да ги истостирате во сува тава колку да замирисаат).
Во бадемите додајте и 20 г кокосово брашно (ако е покрупно во вид на снегулки, сомелете го заедно со бадемите за да се изедначат).
Од урмите извадете ги семките и додајте ги во блендерот заедно со бадемите и кокосот. Блендајте додека да добиете изедначена смеса. Во овој рецепт се користени суви урми, па затоа и смесата е сува, со конзистенција на полувлажен песок.
Смесата од урми, бадеми и кокос префрлете ја во посебен сад, а во блендерот додајте 35 г несолени кикирики или некои други јатки по ваш вкус, па и нив ситно сомелете ги.
Во смесата започнете постепено да додавате мед. Количината на медот најмногу зависи од влажноста на самите урми. треба да се добие смеса која има конзистенција на влажен песок и може да се формираат топчиња со дланките.
Ако смесата ви се чини дека е многу сува и се рони, додајте уште малку мед. Со неколку при-тискања со дланките и прстите треба да се формираат цврсти, сосем малку лепливи топчиња.
Формираните топчиња со големина на поголем орев, можете да ги оставите во фрижидер неколку минути за да се стегнат, додека вие ја приготвувате чоколадната глазура.
Одберете млечно или црно чоколадо, искршете го на коцки или користете чоколадните снегулки, па ставете ги во посебен сад и додајте малку масло за готвење. Растопете го чоколадото во микробранова печка или на пареа.
Во чоколадната глазура додајте ги мелените кикирики и промешајте. Секое топче потопувајте го во приготвената чоколадна глазура и редете го врз решетка додека да се стврдне. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.