РУЧЕК КОЈ СИТЕ ГИ ВООДУШЕВИ: компир и мелено месо, без претходно пржење, само се реди и се става на печење. Рецепт на Гурман ТВ. Ако денес се мислите што да подготвите за ручек, ова е рецептот за вас.
Со компир и мелено месо може да се креираат разни оброци, а дечињата најмногу ја сакаат оваа комбинација. Секако, понекогаш спремањето може да одземе многу време затоа што месото прво го пропржуваме, па потоа го ставаме на печење.
Со овој ручек нема потреба да го правите тоа. Едноставно ги мешате сите состојки, ги редите во плех и ставате на печење. Тука вашата работа е завршена и за неколку минути ручекот ќе ви биде на трпеза. Без валкање на садови, со неколку состојки..
Потребни состојки: 1,5 кг компир, 50 мл масло, 400 г мелено месо (може и мешано), 1 главица кромид, 200 г кашкавал, неколку шери домати, сол, црн пипер, црвен пипер, 10 г магдонос по потреба.
Постапка: Компирите добро измијте ги, а доколку имате млади компирчиња може да ги печете со се лушпата. Во лушпата се ,,кријат” најмногу витамини и минерали. Важно е компирите да не бидат изртени или да имаат позеленети делови. Доколку има, пресечете ги со н ож.
Компирите се рендаат на тенки кругови, има специјален дел на рендето наменет за ова, да изгледаат како чипс, но ако немате вакво ренде може да ги сечете на тенки кругови. Компирите се посолуваат и се намастуваат со 50 мл масло.
Се мешаат со раце и се реди половина од количината во плех. Мојот плех е со димензии 21×31, но одговара и некој со слични димензии. Во сад ставете го меленото месо, малку размешајте го низ раце и потоа додајте ја ситно исечканата главица кромид.
Зачинете со црн и црвен пипер и сол по вкус, па додајте 10 г свеж или сув магдонос. Соединете ја смесата и излејте ја врз редот компири и добро распоредете. Одозгора наредете ја втората половина од компирите.
Рерната вклучете ја да се загрее на 180 степени и печете го ручекот 30-тина минути. По изминатото време, извадете го плехот од рерна, но рерната оставете ја вклучена на истата температура. Врз компирите наредете 200 г рендан кашкавал по ваш избор.
Врз кашкавалот наредете неколку шери домати, цели или пресечени на половина како сакате, а може да редите и обични домати сечени на помали парчиња. Вратете го ручекот на печење уште 15-тина минути, а потоа послужете топло.
Овој ручек е доста обилен и може да најаде четиричлено семејство, а понекогаш и 5 лица. Вкусен е и кога ќе се излади, па доколку не го дојадете може да го чувате и за вечерта или наредниот ден. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.