Ставив една состојка во овошјето и добив компот со преубав вкус, на ова досега не сте се сетиле. Рецепт на Јелена од каналот Јеца Сваштарица. Овој рецепт го подготвувам веќе со години, а се добива компот со совршен вкус, идеален за зима.




Покрај тоа што компотите најчесто ги правиме за сладење и се сметаат за старински десерт, тие се лековити бидејќи помагаат во лекување на проблемите со цревата, пречести гасови, рефлукс и смирување на б олките во желудникот..




Потребни состојки: 1 кг сливи, 1,5 кг праски, 2 тегли од 1 литар, 6 супени лажици шеќер (по 3 во секоја тегла), 2 кесички ванилин шеќер (по 1 кесичка во секоја тегла), 1 кесичка рум шеќер (по половина кесичка од тегла), млака вода и уште една тајна состојка која може да ја прочитате во продолжение.




Постапка: Со овој компот, зимата ќе ви биде многу слатка и ќе ви изобилува со многу различни вкусови. После овој рецепт, нема да ви текне да прочитате некој друг, постојано само на овој начин ќе го подготвувате компотот.




Овошјето добро измијте го под млаз вода и истријте го со сода бикарбона. Сливите пресечете ги на половина и од нив извадете ја семката. Истото повторете го и со праските, излупете ги и од нив извадете ја семката, а потоа пресечете ги на помали парчиња.




Во теглата започнете да ги редите сливите исправено со внатрешноста свртени кон теглата, како што е прикажано на сликата подолу. Редите еден ред сливи, потоа на истиот начин редите праски и повторно се завршува со сливи. Доколку имате простор во теглата може да наредите уште еден ред праски.




Потоа кога ќе го потрошите овошјето и откога ќе го наредите, во секоја тегла додавате по 3 супени лажици шеќер. Секако, може да додадете повеќе или помалку шеќер во зависност од вашиот вкус, но не заборавајте дека сливите и праските се доста слатки.




Состојките кои се прикажани погоре се однесуваат на количина за две тегли, значи во една тегла ставате половина од тоа што е напишано. Потоа во секоја тегла додавате по 1 кесичка ванилин шеќер и малку промешувате за шеќерот да падне надоле.




Потоа една кесичка рум ја делите на половина и таа количина ја додавате во теглите за вкусот на рум да не преовладува. Сега е време за тајната состојка. Можеби никогаш досега не ви текнало, но додавањето на една кафена лажичка сливова ракија го прави вкусот на компотот совршен.




Се додава по 1 кафена лажичка сливова ракија во секоја тегла и на крајот се прелива со млака вода, онолку колку што останало простор во теглата. Малку се промешува со лажица и теглите се затвораат со капак. Само да знаете колку совршен вкус е оваа комбинација од сливи и праски, искомбинирана со рум и сливова ракија-комбинација која ќе ви ја загрее душата..




Теглите се пастеризираат во поголемо тенџере во кое сте поставиле памучна крпа. Во тенџерето се прелива со вода, негде до половина на теглите и се става на рингла со средна температура. Од моментот на зовривање на водата, теглите се оставаат да се пастеризираат уште 30 минути.

По изминатото време, не ги вадете од тенџерето, туку оставате целосно да се изладат во него, а потоа пребришете ги и складирајте ги на темно и ладно место. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.