Косата отсекогаш се сметала за симбол на сила и моќна женска енергија, убавина и посебна харизма. Без разлика дали ја обојувате косата или ја сакате природната боја, изборот на бојата на косата кој го имате, како што велат психолозите, може да открие нешто симболично за нашата личност.
Психолозите едногласно тврдат дека влијанието на бојата од косата врз карактерот постои, и секоја боја на коса носи некјакви информации за некоја личност. Честите промени во бојата на косата често укажуваат дека лицето сè уште се бара себеси.
Се разбира, не можете и никогаш не треба да ја оcy-дувате личноста само според тоа дали е темнокоса, русокоса или бринета, но еве неколку интересни работи за тоа што открива бојата на коса која најмногу ни се допаѓа:
Сива или пепеласта коса
Тоа е многу модерна и убава боја која добива сè поголема популарност. Оваа боја е избрана од храбри жени кои сакаат нови познанства, разговори, тежнеат кон поголема самодоверба. Психолозите истакнуваат дека оваа боја на коса ја сакаат жените кои имаат натпреварувачки дух, кои се доста амбициозни и не се плашат да ја ризикуваат својата среќа. Тие можат да бидат гласни или емотивни, но исто така фокусирани на креативноста и работата.
Руса коса
Русата коса ја избираат оние кои развиваат љубов кон себе. Постои верување дека овие дами потајно сакаат да бидат во центарот на вниманието, но всушност тие зрачат со посебна енергија која е позитивна и привлекува други луѓе. Се верува дека тие ја избираат оваа боја на коса за да ја нагласат нивната индивидуалност и стил.
Невообичаени бои – виолетова, зелена
Ова се боите на креативноста и длабоката силна енергија, посебен внатрешен свет, но и малку револт. Тоа се дами кои постојано бараат некаква инспирација, автентични се, ексцентрични по природа, самоуверени, не се плашат да бидат во центарот на вниманието и секогаш се подготвени да ги бранат своите ставови. Драстичната промена на косата им помага да ја покажат својата оригиналност и да ја разбудат самодовербата.
Црвена коса
Сосема вообичаена боја избрана од оние кои се одлучни во својот избор, да не живеат според старите правила. Ова се огнени жени кои избираат да се борат со негативноста и храбро ја надминуваат секоја пречка. Сакаат да бидат посебни, да се издвојуваат од толпата. Тие се храбри, понекогаш изгледа дека се студени, но под рамнодушноста се крие моќно, нежно и големо срце. Тие се слободни и независни.
Светлокафеава коса
Оние со светло кафеава коса се карактеризираат со контрадикторен карактер. Од една страна, тие се упорни во постигнувањето на своите цели и трпеливи, а од друга страна, тие се доста срамежливи и не сакаат да привлекуваат внимание кон себе.
Тие се одлични пријатели кои знаат да советуваат и да се посветат на другите, но ретко зборуваат за своите чувства. Тие се многу емотивни кои ги сакаат луѓето и нивната различна природа. Кога ќе се осмелат да направат големи промени и да ризикуваат, ги очекува успех.
Темнокафеава коса
Во природата, кафеавата боја е поврзана со почва, кора од дрво, корења, што укажува на силна поддршка и самодоверба. Така може да се карактеризираат луѓето со кафеава коса. Тие секогаш се практични, знаат што сакаат, упорни се и сигурни во себеси и својата идеја, посветени на нивниот развој.
Со својата истрајност и самодоверба, тие се и доволно флексибилни за подобро да се справат со повеќе задачи и да се прилагодат на променливите услови во корист на успехот.
Кога една девојка ќе одлучи да ја обои косата во кафеава боја, тоа може да укаже дека не се чувствува поддржано и дека живее во неизвесноста што моментално ја загрижува. Со темнокафеава боја на косата, таа привлекува доверба во сопствените способности и може да ги одбрани личните граници.
Црна коса
Тие се карактеризираат со одлучна природа, храброст и склоност кон преземање ризици. Исто така, честопати ги карактеризира променливото расположение, но остануваат конзистентни со нивната природа и посебна енергија. Можат да бидат тврдоглави, но и одлучни да го постигнат она што го сакаат.
Се верува дека тие имаат посебна харизма. Жената која одлучува да стане „црнка“ често укажува на некаков протест, желба да се промени нешто во околината, бор-ба за правда и мисија да го направи овој свет подобро место.