Сите сме навикнати на вообичаената мусака од компир и мелено месо. Овој рецепт е многу сличен на стариот, со тоа што во него се додава нова состојка од која јадењето станува многу повкусно и посочно. Необична, ама многу вкусна мусака, пробајте ја, нема да се покаете – Сибинка.
Потребни состојки: 700 г компир +-, 500 г мелено месо, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 1 лажица сув мешан зачин (вегета), 500 г фета сирење (или домашно сирење), 300 мл вода, 300 мл течна, неутрална павлака за готвење
Постапка: кромидот исечкајте го ситно и запржете го на малку масло, па додајте мелено месо и заедно пржете ги додека месото да ја смени бојата. Додајте ситно сечкано лукче, долејте вода и павлака, па оставете малку да крчка.
Додајте го компирот исечен на коцки, промешајте и оставете уште малку да динста, па тогаш додајте го ситното сирење и зачинете. Смесата префрлете ја во тепсија или пекач и печете во загреана рерна околу 45 минути (на 220-250 степени).
Кога е печено оставете 10-15 минути малку да излади и да се впијат течностите во компирот, па послужете. Одозгора може да наросите ситно сечкан свеж магдонос. Пробајте, многу е вкусно! Сиблинка / Сооlinarika.com Сигурно ќе ви се допадне и следниот брз рецепт за многу, многу вкусно јадење:
РЕЦЕПТ 2. За да го приготвите овој превкусен ручек, ќе ви бидат потребни следните состојки: 2 големи компири, 1 полна мала лажичка црвена алева зачинска пипер во прав, сол и црн пипер по вкус, малку сув дробен босилек по вкус, по желба лут зачин, малку маслиново масло.
Потоа, потребно ви е и околу 350 г мелено месо по ваш вкус, една главица кромид, 5 полни супени лажици кисела павлака и малку рендан кашкавал за врз јадењето.
Постапка: компирите убаво измијте ги, излупете ги па исечете ги на тркалца со дебелина од приближно половина центиметар, исто како за вообичаената мусака. Ставете ги во подлабок сад и зачинете ги со сол и црн пипер.
Одозгора залијте ги со малку маслиново масло, додајте црвена зачинска пиперка во прав, малку босилек и лут зачин доколку сакате да биде пикантно јадењето. Убаво промешајте ги компирите со раце за да се натопат рамномерно во зачините преку целата нивна површина.
Кромидот исчистете го и исечкајте го на ленти. Во посебен сад ставете го меленото месо и зачинете го со сол и црн пипер по вкус. Додајте четири-пет големи лажици кисела павлака и добро промешајте додека состојките да се соединат во еднолична смеса.
Иако можеби ви делува необично, ќе се уверите колку е вкусно. Земете еден помал огноотпорен сад и намастете го со маслиново масло или путер по желба. Наредете еден ред компири, а одозгора наредете сечкан кромид. Потоа повторно наредете уште еден ред компири.
Врз вториот ред компири рамномерно распоредете ја смесата од мелено месо и кисела павлака, па добро израмнете. Садот покријте го со алуминиумска фолија и ставете да се пече во претходно добро загреана рерна на 200 степени.
Печете околу 15-20 минути, па извадете го садот и отстранете ја фолијата. Вратете го рерна да се допече уште 20-тина минути додека убаво да се запече.
На крај одозгора изрендате кашкавал и вратете во рерната да се допече уште 5 минути колку да се растопи кашкавалот. Потоа можете да го послужите јадењето. Сите детали од постапката на приготвување можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.