Ова е највкусниот омлет што некогаш сте го јаделе. Се приготвува многу брзо, се пече во рерна, не валкате многу садови, економично и многу вкусно јадење богато со белковини, па може да се послужи за појадок, вечера, но и за ручек! Послужете го со некоја салата и добивате убаво главно јадење.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 јајца, 300 мл млеко, 100 г рендан кашкавал, 20 г путер и сол по вкус. ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете ги јајцата и изматете ги со жица маталка.




Додајте 300 мл млеко и посолете по вкус. Уште еднаш изматете за да се соединат јајцата со млекото.




Додајте 100 г рендан кашкавал и оставете убаво да се натопи во течноста. Земете еден средно голем огноотпорен сад (или калап/тепсија/плех со помала или средна величина, но да има длабочина, како калап за ролат или леб, на пример) и намастете го со 20 г путер.




Излејте ја смесата во подготвениот сад и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 25 минути. Во текот на печењето омлетот многу ќе нарасне, па затоа е добро да се пече во висок/длабок сад.




Кога е печен, извадете го од рерната, оставете малку да подизлади за да можете да го превртите во чинија (ставете поголема чинија врз садот и превртете го омлетот).




Омлетот е вкусен, воздушест, мек и сочен. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Во продолжение прочитајте го следниот рецепт за здрав ОМЛЕТ приготвен со брокула, кромид и зачини:




Потребни состојки (за 2 лица): 200 г кратко обарена брокула, 4 јајца, 1 главица кромид, сол, црн пипер, оригано, малку млеко, масло




Постапка: кромидот исечкајте го на тркалца, зачинете и малку на масло пропржете го. Јајцата изматете ги со малку млеко и прелијте ги преку кромидот. Оставете да фати коричка, додајте одозгора брокула, и лесно превртете го омлетот, притоа внимавајќи да остане цел, во едно парче.