ВКУСЕН И БРЗ ПОЈАДОК ИЛИ ВЕЧЕРА, измати и излеј, инспирацијата ја добив од турски рецепт. Рецепт на Емилија од Емилина Кујна. Многу вкусен оброк со кашкавал и сирење кој ќе ви се најде на трпеза за 15 минути.




Се подготвува многу лесно и едноставно, во сад само ги мешате состојките, потоа преливате, наросувате со кашкавал и сирење и се става на печење. Многу е вкусно, прсти да излижеш, а може ќе треба да го правите во двојна доза.




Потребни состојки: 100 мл топла вода, 15 г квасец, 180 г брашно, 80 мл масло, 1 лажица шеќер, 1 мала лажичка сол, околу 300 г сирење по ваш избор, 250 г кашкавал, 2 јајца, 200 мл јогурт, 2-3 лажици кисела павлака, магдонос.




Постапка: Во еден сад ставете топла вода, а во неа додајте го квасецот со 1 лажица шеќер. Малку промешајте па потоа од едно јајце издвојте ја белката и додајте ја во смесата со квасецот.




Малку разматете ја, па додајте ги преостанатите состојки: 80 мл масло, 200 мл јогурт, 1 мала лажичка сол и 180 г брашно. Брашното додавајте го постепено за да не се формираат грутки.




Додека ги додавате состојките, постојано мешајте со жица за матење. Смесата треба да има конзистентност како онаа за палачинки или малку погуста. По соединување на сите состојки, оставете смесата да отстои 30 минути, покриена со крпа.




Земете еден огноотпорен сад и намастете го. Во садот излејте 2/3 од смесата. Одозгора наросете со 2/3 сирење по ваш избор, 2/3 кашкавал и малку свеж магдонос, ситно исечкан.




Потоа прелијте ја преостаната смеса од тестото и одозгора наросете уште еден слој сирење (тоа што ви преостанало), најдобро издробено со раце. Наросете и со преостанатиот кашкавал, додајте магдонос..




Преостанатата жолчка изматете ја и измешајте ја со 2-3 лажици павлака. Оваа смеса излејте ја врз изренданиот кашкавал и малку распоредете ја со лажица. Потоа изматете уште едно јајце и прелијте го врз смесата исто така малку распоредено.




Ставете на печење во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 35 минути. Се послужува топло, со јогурт или нешто по ваш избор. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.