ЕДНОСТАВЕН КОЛАЧ СО МИНЕРАЛНА ВОДА – најлесниот што сум го правела досега. Рецепт на Рада од каналот Радине Послатице. Многу вкусен и сочен колач со ореви и преубав крем, нема да згрешите ако го направите.




Потребни состојки: 3 јајца, 200 г шеќер, 200 мл масло, 150 г мелени ореви, 250 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 300 мл минерална вода. За крем: 2 јајца, 180 г шеќер во прав, 2 кесички ванилин шеќер, 200 г путер / маргарин, ореви за наросување.




Постапка: Во подлабок сад се матат јајцата и шеќерот со миксер. Потоа постепено се додава маслото додека се уште матите со миксерот. Запомнете дека најсочните колачи секогаш имаат малку масло во нив.




Во изматената смеса се додаваат оревите, па постепено се додава брашното заедно со 1 кесичка прашок за печиво. Матете со миксерот за да не се формираат грутки од брашното. Кората е спремна, не треба да отстои туку може веднаш да се стави на печење.




Кората може да се пече на 2 начина. Првиот начин 1 да ја печете на двапати, прво едната половина па другата, во плех со димензии 20×30 см. Вториот начин е да ја печете кората во поголем плех, а кога ќе се испече да ја поделите на половина. Јас печев по вториот начин.




Кората се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 15 – 20 минути. Подготовка на кремот: Во сад изматете ги двете јајца заедно со 180 г шеќер во прав и 2 кесички ванилин шеќер.




Смесата излејте ја во тенџере и гответе ја додека да се формира конзистентност како пудинг. Потоа во неа додајте 200 г путер или маргарин и мешајте додека да се растопи. Кремот мора добро да биде оладен пред да се филува на кората.




Кората се дели на две половини. Добро оладениот крем се разматува малку со миксер, па 2/3 се премачкуваат на првата кора. Одозгора се става втората половина од кората и се премачкува со преостанатиот крем.




По желба декорирајте ја тортата со мелени ореви како што направив јас, а потоа ставете ја во фрижидер добро да се стврдне. Се послужува сечена на штангли. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Подолу можете да го прочитате рецептот за орасници кој се приготвува само од јајца, шеќер и ореви:




II рецепт. Орасници кои се прават од само 4 состојки – многу едноставно, многу вкусно. Поедноставно а повкусно од ова не можете да најдете. Едноставно се неодоливи! Потребни состојки: 2 јајца, 250 г мелени ореви, 250 г сечкани ореви, 180 г шеќер во прав.




Постапка: Со виљушка изматете ги јајцата со шеќерот. Додајте ги мелените ореви и убаво изедначете ја смесата. Формирајте кифлички, а секоја кифличка валкајте ја во сечкани ореви. Печете во плех обложен со хартија за печење на 180 степени, 35 минути. Многу, многу едноставно. Уживајте!