Лежењето на стомак (пронирана положба) можеби се чини за необичен начин, но тој докажано се користи кога станува збор за ублажување на состојбата кај ковид-пациентите. Како што е општо познато, оваа болест влијае врз долниот респираторен тракт.




„Кога некое лице постојано лежи на грб, тоа придонесува за интензивирање на патолошкиот процес, бидејќи во оваа положба градните мускули овозможуваат да се вдишат само мали количини на воздух“, објаснуваат лекарите.




„Лежењето на грб дополнително го зголемува отокот и го намалува снабдувањето со кислород во телото. Ако некое лице лежи на стомак, тогаш неговите посилни мускули на грбот добиваат сигнал за активна работа.




Ова овозможува б олниот да земе подлабок здив, односно поголема количина кислород за телото. Зафатените белодробни делови започнуваат да функционираат подобро. Алвеолите од двете страни се шират, а интерстицијалните прегради се компресираат.




Како резултат на тоа, отокот и воспалението се намалуваат“, ги објаснуваат лекарите придобивките од лежењето на стомак. Ова најчесто се однесува за акутниот тек на инфекцијата.

Фејсбук фото: Александр Маслов




После болеста, позицијата треба да се комбинира истовремено со вежби за дишење. Ова во голема мера придонесува за побрзо закрепнување на белите дробови и нивна подобра заштита од фиброза.




ПРОНАЦИЈА (пронирана положба, лежење на стомак). Како оваа положба им помага на белите дробови побрзо да закрепнат?

Поголемиот дел од ткивото на белите дробови се наоѓа поблиску до грбот отколку до предниот дел. Лежењето на грб (супинирана положба) може да изврши притисок врз ткивото на белите дробови.




Ова може да ги натера малите воздушни кесички во белите дробови да работат понапорно за да се надујат. Доколку дишењето е напорно и потребен е поголем напор за да се добие доволно воздух, тоа би можело да ги влоши проблемите со белите дробови.




Исто така, може да предизвика пов-реда на белите дробови. Но, лежењето на стомак (пронација) може да им помогне на белите дробови да функционираат подобро со помал ст-рес. Може да помогне да се спречат проблеми како што е колапс на белите дробови.




Ова е кога воздушните кесички во белите дробови не можат да се надујат, или пак може да се наполнат со течност. Може да се случи на дел или на едното или на двете белодробни крила. *Ако лежите во болница, медицинските лица ќе ви помогнат да заземете најдобра положба, а со подобрувањето на состојбата, и да ја менувате.




Фејсбук фото: Александр Маслов