Овој природен напиток можеби е најсилниот сојузник во лекувањето на настинките во текот на есенските месеци. Кога некој ќе се разболи дома кај нас, баба ми веднаш нè потсетува да си го направиме овој лековит природен напиток кој е поефикасен од сите други лекови, барем кога станува збор за почеток на болеста.
ЛЕК ПРОТИВ КАШЛИЦА. Овој природен лек против кашлица ја отстранува слузта и ја сми-рува иритацијата. Доколку го подготвите во првата фаза од болеста, нема да и дадете шанса да прогредира, спутумот ќе се разреди и ќе се исфрли, а кашлицата брзо ќе помине…
Кои се придобивките од овој стар рецепт? Млекото и кромидот и ја должат својата ефикасност на комбинацијата од лековити состојки. Кромидот игра многу важна улога како лек: испарливите супстанции кои ги содржи имаат силно антивирусно дејство и претставуваат најдобар помошник за ослабен имунолошки систем.
Млекото пак, од друга страна, е познато по своите сми-рувачки својства, ја смиру-ва воспалената слузокожа на грлото, го отстранува карактеристичното „грепкање“ и особено ја ублажува сувата кашлица. Ако се сеќавате, наједноставниот лек за б олно грло е прегорен шеќер во чаша млеко.
Во овој случај, во млекото се додава мед (како средство за зајакнување на напитокот со витамини и минерали, како и за подобрување на вкусот) и путер (кој исто така има сми-рувачки ефект.
Постојат неколку начини за приготвување на овој напиток, а секој од нив е дизајниран за различни состојби. Важно е лекот да се земе што поскоро, со првите симптоми за настинка.
КРОМИД ВО МЛЕКО ЗА СУВА КАШЛИЦА. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар млеко, 1 поголема главица кромид, 2 супени лажици мед, 2 супени лажици млечен путер, 1 прстофат сода бикарбона.
ПОСТАПКА: Излупете го кромидот и исечете го на четири дела. Ставете го млекото и варете го пет минути откако ќе зоврие. штом зоврие, намалете ја температурата на умерено и додајте прстофат сода бикарбона. Потоа поклопете го тенџерето и тргнете го на страна малку да се олади.
Процедете го млекото низ газа и добро исцедете го. Додајте мед и промешајте додека да се раствори. Пијте го ова млеко во мали порци во текот на целиот ден. Најдобро би било да го складирате во термос за да ја одржувате неговата топлина. Доколку немате термос, пред конcyмација малку загревајте го, да биде млак.
КРОМИД ВО МЛЕКО ЗА СИЛНА И НАПОРНА КАШЛИЦА. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 мл млеко, 1 голема главица кромид, 1 прстофат сува жалфија.
ПОСТАПКА: Варете го кромидот во млеко на умерена температура под капак, заедно со жалфијата, сè додека да омекне целосно (10-тина минути ако е поситно исечкан). Додека се вари, во млекото може да додадете и 2 ловорови листови и неколку зрна црн пипер во зрно.
Потоа смесата ставете ја во блендер и миксајде додека да добиете еднолична, хомогена каша. Добиената мешавина треба да се пие во мали делови во текот на денот, но доколку кашлицата е поинтензивна навечер, тогаш половина од количината испијте ја пред спиење.
МЛЕКО СО КРОМИД И ЛУК КАКО ЛЕК ЗА НАСТИНКА. ПРИРОДНИ СОСТОЈКИ: 1 литар млеко, 10 помали главици кромид, 1 цела главица лук, 1 лажица мед. ПОСТАПКА: Лукот исчистете го на чешниња, а кромидот исто излупете го и исечете го на поголеми парчиња.
Ставете го во млекото и варете ги на умерена температура додека убаво да омекнат (кога ќе ги притиснете со виљушка да се рас-паѓаат). Потоа тргнете го садот од оган и оставете го поклопено малку да излади. Процедете го убаво низ газа, а во добиеното млеко додајте мед.
Земајте по две лажици од млекото повеќепати во текот на денот (3-4 пати). Доколку имате ваши рецепти или ги имате испробано истите, споделете ги вашите искуства во коментар.