ЗИМНИЦА ЗА 5 МИНУТИ ОД ЗЕЛЕНИ ДОМАТИ, 10 тегли нема да ви бидат доволни од што е вкусна. Рецепт од каналот Мојата Кујна Тања. Зимница од зелени домати, и уште неколку состојки, толку едноставна подготовка досега не сте виделе.
За да ја подготвите оваа зимница ќе ви бидат потребни следниве состојки: 3 кг зелени домати, 2 пиперки, 2 чешниња лук, 2-3 китки магдонос, 2 лажички сол, 120 г шеќер, 125 мл масло и 125 мл 9% ал-кохолен оцет.
Постапка: Доматите добро се мијат. Потребно е да користите здрави, неоште-тени домати без дупки или црни дамки на нив, по можност со тенка кожичка. Како што може да видите јас имам повеќе зелени домати, но се наоѓа и по некој црвен.
Доматите се сечат на половина, па се чистат од срцевината и од потенцијални меки делови или дамки. Потоа се сечат на поголеми парчиња, на четвртини и се префрлаат во поголема чиста вангла.
Пиперките исто така добро се мијат, па се пресекуваат на половина и се чистат од дршката и семките. Потоа се сечат на подолги траки, па исто се додаваат во садот со домати, а потоа се преминува на магдоносот.
Измиениот и исчистен магдонос се сечка ситно со н ож и се додава во ванглата, како и ситно исечканиот лук. На крајот се посолува, со две лажици сол, 120 г шеќер, 125 мл масло и 125 мл 9% ал-кохолен оцет.
Смесата добро се промешува и зимницата е речиси готова. Следниот чекор е да ја притиснете салатата со поголема чинија за да се притиснат доматите, а врз чинијата се става нешто тешко. Јас ставив големо шише со вода за притискање.
Оставете салатата да отстои вака притисната околу 2-3 часа, а потоа повторно се пробува во случај да фали сол, масло или оцет. Кај мене, фалеше уште малку сол, па додадов уште 2 супени лажици, но вие ќе си одредите дали недостига некоја состојка.
Зимницата се префрла во чисти, стерилизирани тегли, а на крајот добро се распоредува течноста која ја испуштиле доматите при отстојување во ванглата. Покрај тоа, зимницата се притиска со соодветен потисок за притискање на состојките во теглата, а доколку немате, не е ништо страшно. Истото може да го постигнете доколку направите “X” со чепкалки за заби.
Теглите се затвораат со соодветен, чист капак и се редат во поголемо тенџере со кујнска, памучна крпа под нив. Во тенџерето се прелива вода, но да не достигнува до капаците (нешто под нив) и се става на пастеризирање на средна температура.
Пастеризацијата трае 40 минути по зовривање на водата, а потоа теглите се вадат и се оставаат да се оладат на собна температура, покриени со ќебе. Потоа се складираат кај другата зимница на темно и суво место. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.