Повеќе не купувам домати во зима, малкумина знаат за оваа тајна, а секоја година ги подготвувам вака. Уште од есента ги спремам, а после цела зима имам домати за јадење. Лесен и вкусен рецепт што треба повеќето да го знаат за подготвување на зимница.




Вака подготвени без конзерванси може да стојат и до 1 година и повторно ќе бидат вкусни. Без разлика дали ги користите за подготовка на ручек или во салата, ќе си олесните време на подготовка и спремање.




„Исто така, ќе ви покажам како подготвувам домати сушени на сонце, и секој што ќе ги проба ми бара рецепт. Овој начин на подготовка е многу поедноставен, но добивате суви домати кои треба да се чуваат на суво и темно место.”




Прв начин на конзервирање домати. Ќе ви бидат потребни околу 5 кг домати нелупени, 1 главица лук, сол, мајчина душичка, рузмарин по потреба, околу 30 мл маслиново масло. Ова се количини за конзервирање на 1 тегла.




Постапка: Доматите добро се мијат под млаз вода и се сечат на неколку помали парчиња надолжно, во зависност од големината. Се редат во плех обложен со хартија за печење, со 1 цм простор помеѓу секој домат.




Одозгора се наросуваат со сол по потреба и со малку сув рузмарин, на секој домат. Се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 1 час. Истата постапка се применува два или трипати додека да ги испечете сите домати.




Во меѓувреме се пастеризираат теглите, лукот се лупи и се сече на ситни парчиња. По печењето на доматите, важно е веднаш да започнете со конзервирање додека се сè уште топли. Користете тегли од 400 или 650 мл.




Во чистите тегли ставете малку сечкан лук и сува мајчина душица, па со шпатула ставете неколку од исушените домати. Потоа повторно ставате малку лук и мајчина душица, па домати, сè додека да остане 1/3 празен простор од теглата.




Теглата се прелива со маслиново или обично масло (по потреба), а може да додадете и уште сол на доматите, но внимавајте да не ги пресолите бидејќи сол се става и пред да се печат. Истата постапка применете ја и за другите тегли, додека да ги искористите сите домати.




Затворете ги теглите со здрав, соодветен капак и превртете ги со капакот надолу да отстојат на собна температура 8-10 часа, а потоа се складираат во фрижидер или темна и ладна просторија со константна температура. Вака конзервирани, доматите имаат рок на траење до 1 година.




Вториот начин на конзервирање е многу лесен и едноставен, но вака добивате суви домати. Исечете ги доматите како што е објаснето погоре во текстот и посолете ги, па наредете ги на плех или некоја даска.

Ставете ги надвор на сонце да отстојат 2-3 дена на проветно место заштитено од инсекти, а потоа складирајте ги во кеса и чувајте ги на суво и темно место. Вака подготвените суви домати имаат рок на траење до 2 години. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.