Потребни состојки за тесто:
- 280 г брашно
- 2 жолчки
- 100 мл вода
- 3 големи лажици масло
- ½ лажичка сол
Мешавина со сирење:
- 1 јајце + 2 жолчки
- 2 мали лажички сол
- 100 мл масло
- 500 мл млеко
- 500 г сирење
Постапка:
Од наведените состојки замесете тесто според упатствата дадени во видеото. Замрзнете, па потоа изрендајте во приготвената мешавина со сирење, јајца и други состојки, излејте во намастен плех, па печете на 180 степени околу 45 минути. По желба прелијте со павлака или кисела павлака, а можете да послужите и со доматна супа.