–Повеќе од 3 милиони луѓе умираат поради претерана консумација на алкохол, а повеќе од три четвртини од овие луѓе се мажи. Ова значи дека секоја 20. смрт ширум светот е поврзана со прекумерна консумација на алкохол, објавила Светската здравствена организација.
И покрај доказите за здравствените ризици од пиење алкохол, се предвидува дека глобалната консумација само ќе се зголемува во следните 10 години.
-Премногу луѓе, нивни семејства и заедници ги трпат последиците од прекумерно консумирање на алкохол – изјавил Тедрос Аданон.
Во „Глобалниот извештај за алкохол и здравје во 2018 година“ СЗО наведува дека глобално, според проценките, 237 милиони мажи и 46 милиони жени имаат проблем со пиењето или се алкохоличари.
Од сите смртни исходи поврзани со алкохолот, 28% се случуваат поради повреди, како што се: сообраќајни несреќи, самоповредување и насилство.
Докажани се и делотворни чекорите за намалување на консумацијата на алкохол:
- Зголемување на даноците за овие производи
- Ограничување на рекламите
- Ограничување лесен пристап до алкохолот (ограничено време)
- Казни за продажба алкохол на малолетници.