СИТЕ ГИ ВООДУШЕВИ ОВОЈ РОЛАТ СО МОДАР ПАТЛИЏАН, БЕЗ ПРЖЕЊЕ, САМО СО РЕДЕЊЕ. Рецепт од каналот Совршени Рецепти. Толку едноставно, а толку вкусно, нешто што мора барем еднаш да го пробате.




Печен модар патлиџан со уште неколку состојки, лесно јадење кое може да биде како прилог или главно јадење, вие одлучете, ама да знаете дека сè ќе се изеде штом ќе го направите. По брза постапка, на трпезата ќе имате нешто поразлично..




За да го подготвите јадењето, ќе ви бидат потребни следниве состојки: 2 модри патлиџани, 2 обични домати, моцарела или некој друг лесно растоплив кашкавал, 30 г тврдо сирење / кашкавал, 2 лажици лебни трошки, пармезан за наросување, 1 чешне лук, сол, црн пипер, чили зачин, маслиново масло по потреба.




Постапка: Модрите патлиџани се мијат под млаз вода, па од нив се сече дршката и се сечат долгнавесто на ленти. Во намастена тава со маслиново масло и поставена хартија за печење, се редат модрите патлиџани во неколку реда, па се посолува.




Во втор ред се редат и преостанатите модри патлиџани, па повторно се посолува по вкус и се така додека да ги потрошите. Се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 20-тина минути.




Во меѓувреме се мијат и се сечкаат ситно обичните домати, се посолуваат, па се сече и моцарелата и тврдото сирење на мали коцки. Во помал сад се ставаат 3 лажици маслиново масло, па во нив се дроби чешњето лук или ситно се сечка.




Потоа оваа смеса се посолува, се додава црн пипер и чили зачин по вкус и се промешува. По печењето на модрите патлиџани, се премачкуваат со подготвената смеса. Врз нив се редат ситно сечканите домати, моцарелата и тврдото сирење.




По желба може да ставите и свежи листови босилек или нешто друго по ваша желба, па се наросува со пармезан или уште малку кашкавал. Со помош на хартијата за печење се витка ролат од модрите патлиџани.




Ролатот се става на печење во претходно загреана рерна на 190 степени, околу 20-тина минути, а потоа се сече на мали ролатчиња. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Во продолжение прочитајте уште еден рецепт за подготовка на салата со модар патлиџан.




За сите што го обожаваат модриот патлиџан во било кој облик, оваа салата им е фаворитната. Наесен може да се се закисели и да се приготви за зимница така што ќе се исече на коцки или тркалца, па после кратко обарување во солило, се вадат и се редат во тегла.

Се става ред модар патлиџан, ред сечкан лук, по желба сечкан магдонос и масло. На овој начин се реди доидека да се исполни теглата. Многу вкусна салата која може долго да стои. Се послужува како прилог со некое месо, а може и така и да се јаде, навистина е одлична.



Но, може да ја приготвите салата и секојпат кога имат свеж модар патлиџан при рака. Може да се испече во рерна или на скара, а потоа да се зачини. Може да се искомбинира со домат исечкан на коцки, пиперка, лук… Во продолжение проследете го рецептот на Вера Стеффен.

Потребни состојки: 2 модри патлиџани, 3 чешниња лук, 1 кетка магдонос, 50 мл маслиново масло, малку оцет и сол по вкус.

Постапка: Патлиџаните измијте ги и излупете ги наизменично (не до крај, да бидат малку шарени). Исечете ги на кругови со дебелина од 1 цм. Посолете ги и добро измешајте ги. Секој круг со помош на силиконска четка премачкајте го со малку масло од двете страни.

Наредете ги круговите во плех обложен со хартија и ставете ги да се печат во загреана рерна неколку минути додека убаво да заруменат. Во меѓувреме ситно исечкајте го магдоносот, лукчето, помешајте со маслиново масло, додајте малку оцет по вкус и малку посолете.

Земете еден сад и во него ставете околу три лажици од мешавината со масло и магдонос. Потоа редете ред печени кругови од модар патлиџан, па ред од мешавина за премачкување, и сè така додека да ви се потроши материјалот. Салата добро изладете ја, па послужете ја.