Кога ја замоливме читателката да ви се обрати со некоја посебна порака, таа рече дека на сите ви посакува многу здравје и долг живот.
Еве што вели таа:
Ве молам да го објавите овој рецепт кој го најдов на еден од шалтерите во амбуланта. Беше испечатен на мал бел лист хартија.
Рецептот е краток, има две состојки, лесно се приготвува и содржи упатство за употреба.
Уште го чувам ливчето, бидејќи го пробав рецептот, лекот делува и затоа сакам да го споделам со сите вас.
Потребни состојки:
5 г каранфилче (пишуваше клинчич, ама тоа е каранфилче, она што се користи како ароматичен зачин или за дезинфекција на устата.
Не мора да биде сомелено или уште подобро, ако вие свежо го сомелите, но може и цели каранфилчиња да се користат)
2 литри вода
ПОСТАПКА:
Во шише со вода ставете ги каранфилчињата и оставете ги така да отстојат 2-3 дена во фрижидер. Повремено протресувајте го шишето.
Употреба:
Се пие по 70-100 мл (1 мала шолја за кафе или половина чаша) секое утро на гладно.
После испиени две дози, се прави пауза од еден месец, па се повторува.
Меѓутоа, од искуство и во разговор со други луѓе кои го пробаа леков, нема потреба за втора доза.
Повеќето немаа потреба ниту за втора доза, веќе со испивањето на 2 литри, состојбата се подобрува.