Ловоровите листови се користат за приготвување на сируп кој го чисти респираторниот систем, ја смиpyва кашлицата и помага кај грлоболки и бронхитис. Листовите на ловорот имаат противвоспалително дејство, исто како и медот, па со комбинирање на овие две состојки се добива одличен природен лек за кашлица и јакнење на имунитетот.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 7-8 ловорови листови, 7-8 супени лажици мед, свежо исцеден сок од еден лимон и 250 мл вода. ПОСТАПКА: Во едно помало тенџере ставете ја водата и загревајте, па кога ќе зоврие додајте ги ловоровите листови и поклопено гответе до 10 минути.




Оставете малку да подизлади, па процедете ја течноста и додајте го медот и свежо исцеден сок од еден лимон. Промешајте додека медот целосно да се растопи. УПОТРЕБА: 2-3 чајни лажички дневно, еднакво распоредени во текот на јадење, 20 минути пред јадење.




Чај од кромид и ловоров лист – го олеснува искашлувањето и ги прочистува дишните патишта, делува за 3 дена

Чај од кромид и ловоров лист против кашлица – белодробните крила ќе ви бидат чисти за 3 дена. Проверен природен лек кој се подготвува за помалку од 15 минути. Овој чај ја разредува слузта за само 3 дена и помага полесно да се искашла и исфрли од организмот.




Кромидот и ловоровиот лист ги чистат бронхиите и белите дробови. Исто така, ја ублажуваат б олката во грлото. Чајот се подготвува многу лесно, а веројатно состојките ги имате дома па може уште веднаш да го подготвите чајот.




Превентивно делува и кај бронхијалната астма. Во комбинација со ловоровиот лист, лековитите ефекти се зголемуваат за петпати. Овој чај е одличен и за дијабетичари.

Кромидот е богат извор на хром, реткиот минерал кој им помага на клетките соодветно да реагираат на нивоата на инсулин во кр-вта. На тој начин го олеснува дејството на инсулинот и го контролира нивото на шеќер.




Само една шолја од овој чај обезбедува 20% од дневните потреби на овој минерал. Овој чај е одличен и за висок притисок. Го намалува високиот притисок на тој начин што ги олабавува кр-вните садови.

Чајот од кромид и ловоров лист е одлична превенција за анемија и лекување на истата. Има важна улога во производството на еритроцити, црвени кр-вни зрнца. За лекување на анемија, чајот треба да се комбинира со домашен мед.




Доколку секое утро го пиете овој чај, б олките во грлото ќе исчезнат за многу кратко време. Овој чај го смирува воспаленото грло, во комбинација со мед. Важно е да го пиете голтка по голтка чајот и да го држите во уста неколку секунди пред да голтнете.

Чајот од кромид помага и при уринарните инфекции. Доколку чувствувате пец-кање при мокрење, веднаш подгответе го овој чај. Има антибактериско дејство и ги уни-штува бактериите во урината. Веднаш ќе почувствувате олеснување.




Чајот од кромид го препорачува и познатиот австриски д-р Рудолф Бројс. Овој чај се споменува неговата книга, наменета за лекување на рак по природен пат. Прво го препишувал лекот за астма и бронхитис, а подоцна го вклучил и во терапијата на рак.

Потребни состојки: 1 помала главица кромид, 1 поголем ловоров лист (може и 2-3 помали), 300 мл вода, 1 лажички мед. Секогаш бирајте органски кромид, произведен од еколошка средина, непрскан.




Постапка: Најпрво исечете ги краевите на кромидот, а потоа пресечете го на четвртини. Користете ја и лушпата на кромидот, доколку е органски. Лушпата од кромидот е богата со кверцетин, моќен антиоксиданс кој спречува ширење на болестите.

Лушпата изобилува и со витамин Ц кој го забрзува лекувањето на кашлицата, вирусот и настинката. Кромидот треба да се готви заедно со се лушпата. Потоа во ѓезве или тенџере ставете 300 мл вода и почекајте водата да зоврие.




Откога водата ќе зоврие, во неа додајте го исечканиот лук со се лушпата, а потоа додајте еден до два ловорови лисја. Овој чај е одличен и за долгогодишни пу-ша-чи и за оние кои ст-ра-даат од бронхитис.

Ловоровиот лист во комбинација со кромидот и медот прави совршена комбинација која е многу лековита, а се подготвува многу едноставно и брзо. Оставете чајот да се готви 10 минути на умерена температура со повремено мешање со дрвена лажица.

По изминатото време, тргнете од шпорет, поклопете и оставете да отстои уште 15 минути. Процедете во шолја и додајте 2 лажички мед. Сварениот кромид не го фрлајте и искористете го во ручекот во комбинација со компир или како прилог. Одговара на секој ручек. Добро промешајте го чајот и испијте го чајот веднаш. Слободно дозирајте го чајот двапати во текот на денот, наутро и навечер пред спиење.