I РЕЦЕПТ – Лек за бели дробови според билкарот Мартин Најдовски – лекува бронхитис, кашлица и други респираторни болести. Доколку имате било какво прашање околу приготвувањето на овој или некој друг народен лек од билки, можете да го прашате Мартин Најдовски на неговата фан страница Лилма.




„Сирупот од тиква е за деца и возрасни, за бронхитис, јака кашлица и други респираторни болести”, вели М.Најдовски. Овој сируп е конкретно за деца, но може да го користат и возрасни… Поволен е за сите возрасти. РЕЦЕПТ (состојки и начин на приготвување).




Се зема една тиква сточна (оние тикви со кои се рани стоката, имаат боја зелено портокалова или се сосем портокалови). Тиквата се засекува горе, се вади капакот. Семињата и конците односно внатрешнината се гребе со една лажица, се вади се да остане празна.




Потоа во тиквата се додава 1 кг мед и 1 литар лимонов сок (1кг сок од лимони се добива така што се цедат 2 кг лимони). Се промешува добро и се враќа поклопката. Тиквата се остава во едно тавче да стои покриена 48 часа. Привремено тиквата се протресува.




После 48 часа течноста се претура во тегли и притоа се собира и од внатрешноста на тиквата оној мек дел, лимонот ќе ја омекне малку и тој мекиот дел се собира со лажица. Мекиот дел може да се испасира и да се додаде во сирупот но и не мора. Се чува сирупот на темно и ладно место, најдобро во фрижидер.




Дозирање: За деца 3 до 4 пати по 1 кафено лажиче во текот на денот. За возрасни 3 пати по 1 супена лажица во текот на денот. Коментар на Стојанка Петревска: И јас сум го правела овој лек за мене, бидејќи постојано оболувам од бронхит и 37 години сум со хронично астма бронхиале.




Порано имаше многу списанија од областа на народната медицина и сè што ќе прочитав, си приготвував за себе. Еве ви уште еден рецепт: Се зема лубеница од 5-6 килограми и на истиот начин како што е погоре објаснето за тиквата, се длаби од страната на дршката.




Во длабината се става еден килограм квалитетен мед, па потоа се враќа капакот и убаво се завиткува за да се фиксира и да не може да продре воздух во неа. Значи, мора да биде хигиенски и стерилно. Вака спакуваната лубеница се закопува во земја, на длабочина од 60 см.




Вака закопана лубеницата се остава во земја (каде има константна температура) во времетраење од шест денови. Потоа се откопува внимателно и се вади, па се излева медот заедно со скокот и се складира во стаклени тегли. Се пие трипатни дневно по една ра-киена чаша. Коментар на Адриана Кокатоска: “Може лекот да се направи и со трупка. Испробано.”




II РЕЦЕПТ – Мед од тиква: лек за црн дроб и бубрези, за висок холестерол, за намален имунитет. Медот од тиква може да се употреби за различни проблеми. Најделотворен е при лекување на болести на црниот дроб и бубрезите. За многумина овој мед е драгоцен, бидејќи ефикасно помага во исфрлање на жолчниот сок и лекување на воспалени мочни канали.




За приготвување на мед од тиква ќе ви биде потребна една зрела жолта тиква. Треба да го исечете врвот и да ја извадите внатрешноста (семките и влакната). Во добиениот голем отвор ставете интегрален шеќер (или мед). Одозгора поклопете со отсечениот врв.

Тиквата се остава 10-тина дена на ладно место. Најдобро е да се стави во голема чинија или ајнцер, зошто со текот на времето ќе омекне, па ќе биде тешко да се пренесе. За тоа време, шеќерот ќе се растопи во сокот од тиквата. Штом шеќерот ќе се растопи, добиената течност се складира во стаклена тегла.

Ако случајно на капакот се фати мувла, не треба да ве загрижува, само осигурајте се дека е зафатено само на ограничено место и дека не дошло до контаминација на целата тиква. Само направете дупка во дното на тиквата, па од тој дел внимателно процедете го медот.

Медот од тиква е најдобро да се чува во фрижидер, во чиста стаклена тегла со капак. Рокот на траење е околу еден месец. За да се сочува подолго може да го проварите до згуснување, но во тој случај се губат дел од корисните состојки. Како ќе го користите овој мед – тоа е ваш избор.

Можете со него да засладувате чај, може да го консумирате самостојно по 2-3 супени лажици, може да го користите како прелив за палачинки или некоја своја варијанта. Доколку не сакате медот од тиква да го приготвите од шеќер, во тој случај користете пчелин мед.