Потребни состојки:

  • 500 г брашно
  • 300 мл вода +-
  • 1 кесичка сув квасец
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажички шеќер
  • 10-15 шери домати
  • 10-15 ливчиња свеж босилек
  • 1 гранче рузмарин
  • 2-3 гранчиња мајчина душичка
  • маслиново масло

Постапка:

Bo длабок сад co помош на миксер и маталки за тесто, изматете ги брашното, водата, квасецот, шеќерот и солта. Матете додека не се соединат убаво состојките (околу 5-6 мин).

Оставете го тестото да стаса околу 1 час на собна температура.

Подгответе правоаголно тавче така што ќе го премачкате co путер и ќе го набрашните убаво. Стасаното тесто распределете го низ целото тавче и оставете да стаса околу 1 час. Кога ќе стаса co раце направете неколку дупчиња и во нив ставете ливче од босилек и шери домат. Ситно исечкајте ги мајчината душичка и рузмаринот и ставете ги во маслиново масло. Промешајте ја смесата и премачкајте ја целата фокача.

Печете околу 10 минути во загреана рерна на 220 степени а потоа уште 20 минути на 180 степени.