Супер вкусна и брзинска обланда. Филот со кисела павлака и плазма кекси ќе ви се допадне многу. Под овој рецепт можете да прочитате уште неколку интересни варијанти со други состојки, па вие одберете кој најмногу ви се допаѓа.
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 мл кисела павлака, 2,5 чаши (од 250 мл) шеќер во прав, 250 г маргарин или путер, 300 г мелена плазма кекси и едно пакување обланди. За мене оваа количина фил е доволна, но кој сака може да ја зголеми количината
ПОСТАПКА: Во сад за матење пенасто изматете ја киселата павлака со шеќерот во прав додека да се соединат. Во посебен сад на тивок оган растопете го путерот, па додајте ги мелените кекси и убаво промешајте додека да се изедначи смесата.
Потоа оставете да се подизлади, па соединете ги двете изматени смеси во една компактна смеса. Со готовиот фил премачкајте ги листовите обланда на порапавата страна (онаа со подлабоки коцкички).
Последната кора исто така премачкјате ја, а одозгора наросете ја со мелени кекси. Обландата оставете ја да отстои и да се стегне, а потоа сечете ја на штангли со големина по ваш вкус. / Сооlinarika.com / Следниот рецепт е исто така брз и едноставен:
РЕЦЕПТ II – Овој прекрасен десерт ќе го направите за само 10 минути! Освен обланди ќе ви бидат потребни и следниве состојки: 500 мл млеко, 500 г шеќер, 4 лажици брашно, 1 јајце, 100 г чоколадо и 1 маргарин/путер од 250 г.
Постапка: Сите состојки ставете ги во еден сад и на умерена температура гответе ги околу 7 минути откако ќе зоврие смесата. Јајцето разматете го, додаjте го брашното и постепено додавајте малку млеко за да се добие компактна маса.
Останатите состојки: путерот, млекото, шеќерот и чоколадото искршено на коцки, загрејте ги за да се растопат, па додаjте го разматеното јајце со брашното и непрекинато мешајте додека да се згусне.
Добиената смеса не мора да ја чекате да се олади целосно, доволно е да биде млака. Рамномерно филувајте ги обландите од страната која е порапава, односно со испакнатите коцки. Потиснете ги одзгора со некоја тежина и оставете да се стегне колачот. Сечете на коцки или правоаголници и послужете.
РЕЦЕПТ III – Обланди готови за 10 минути по стар рецепт од баба ми. Овие обланди се совршени и понекогаш ги правам наместо палачинки зошто, затоа што брзо се приготвуваат, излегува многу и сите ги сакаат.
Потребни состојки: околу 30 лажици млеко, 380 г шеќер, 250 г путер/маргарин, 150 г мелени бисквити, 100 г ореви мелени и 100 г млечно чоколадо
Постапка: млекото загрејте го на рингла и додајте шеќер. Мешајте додека шеќерот да се растопи. Потоа во топлото млеко додајте го путерот и мешајте додека и тој да се растопи. Кога сето ќе се соедини додајте ги бисквитите и оревите, а на крај и чоколадото. Мешајте убаво да се изедначи смесата.
Редете: лист обланда па фил и сè така додека да го потрошите материјалот. Потиснете со нешто тешко и изладете во фрижидер. Брзо и едноставно до совршени обланди.