Кујната, бањата, па дури и некои делови од мебелот како што се каучите или теписите, умеат во себе да задржуваат непријатни мириси, поради кои секојпат куќата има некој непријатен мирис. Колку и да чистите, никогаш не замирисува на убаво…

Кога непријатните мириси ќе „завладеат“ со куќата, повеќето луѓе посегнуваат но наједноставното – логично решение, а тоа се разните освежувачи за простории со парфимирани течности во нив.

Секако, и тоа може да биде решение, но ваквите освежувачи се причина за внатрешно загадување на домот, феномен кој е подеднакво опасен како и надворешното загадување на воздухот за кое слушаме веќе со години.

Внатрешното загадување го зголемува ризикот од заболување на paк, но и од астма, а ова е познато уште од истражувањата кои се спроведени во 2007 година. Затоа, колку можете повеќе одбегнувајте ги ваквите освежувачи на воздух.

Така на пример, истражувањето кое беше спроведено со над 2000 бремени жени и објавено во „The Journal of Public Health“ покажа дека оние жени кои користеле освежувач на воздухот имаат многу поголеми шанси да родат деца со белодробни инфекции.

Меѓутоа, секогаш постои начин како да го одржувате домот чист и миризлив, а покрај тоа да користите и освежувачи за воздух кои не се штeтни за околината и за домашните кои живеат во куќата.

Секако, станува збор за домашен препарат, а еве како можете да го направите:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 лажички сода бикарбона, 2 капки есенцијално масло од лаванда, 2 капки есенцијално масло од евкалиптус и 3 чаши вода.

ПОСТАПКА: Сите состојки измешајте ги во една чинија, па потоа преточете во некое чисто шише со распрскувач. Користете ја течноста по потреба. Можете да ги прскате завесите, штофениот мебел, теписите, па дури и подовите пред пребришување.

Сепак и со овој освежувач потребна е претпазливост. Некои есенцијални масла не им се препорачуваат на бремени жени, па затоа е потребна конcyлтација со лекар. Сосем сигурен и ефикасен е растворот од само вода и сода бикарбона, па можете да го користите и за чистење и за освежување на просторијата.