Прекрасни, премекички, со мирис на цимет, едноставни, без масло и пржење, а со самото тоа и поздрави…
Потребни состојки:
- 40 г свеж квасец или 10 г сув квасец
- 900 г брашно остро + околу 100 г за премесување и обликување (меко)
- 4 јајца
- 300 мл јогурт
- 200 мл вода
- 150 г шеќер + околу 150 г за да се валкаат крофните
- 150 г путер/маргарин + 100 г за премачкување
Постапка:
- Во млака вода додадете квасец и шеќер, а потоа измешајте.
- Целото брашно, јогурт, јајца и остатокот од шеќерот, растопениот путер и активираниот квасец ставете ги во сад во кој ќе го месите тестите, па со лажица сето добро соединете го. Ќе добиете меко, лепливо тесто, но такво треба да биде, кога ќе го премесувате веќе нема да се лепи.
- Оставете да кисне еден час, да се удвои.
- Кога тестото е надојдено, наросете брашно на работната површина, па премесете го тестото лесно и полека.
- Повторно наросете брашно, па тестото развлечете го со оклагија во кора со дебелина од 1 – 1,5 см, па со помала чашка вадете крофнички и редете ги во плех намастен со путер.
- Од оваа мера излегуваат 2 до 3 тепсии крофнички, во зависност од големината.
- Оставете ги да киснат во тепсијата околу 15 минути, па вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени.
- Е дури тогаш започнете да ја вадите втората тура крофнички, за да не ви прекиснат.
- Кога рерната е загреана а крофничките се нараснати, ставете ги да се печат додека да добијат светло кафеава боја.
- Додека се печат, растопете го остатокот од путерот и штом ги извадите крофничките од рерна, веднаш премачкајте ги и извалкајте ги во шеќер или мешавина од шеќер и цимет.