Постојат различни начини на кои луѓето можат да ја изразат својата злоба, расипаност и глупост, а д-р Елвира Алета, која е психолог со богато искуство, се повикува на Фројд и има порака за сите: Накратко: „Не грижете се, не е до вас, вие сте добри“.




Пред самите себеси да си се дијагностицирате и да заклучите дека имате депре-сија или ниска самодоверба, пред да ја утврдите својата инфериорност, прво проверете дали по некој случај сте опкружени со будали“ (Фројд).




Многумина најверојатно ќе се идентификуваат со оваа реченица, бидејќи многумина го имаат тоа искусено. Многумина ќе размислуваат за своите искуства. Колкупати туѓото однесување влијаело врз тоа како вие сте се чувствувале?




Колкупати сте морале да ја прекинете врската или да се откажете од пријателство бидејќи таа врска ја по-вредила вашата самодоверба? Ако луѓето во вашиот живот, односно оние со кои сте опкружени се совпаѓаат со овие три главни карактеристики, проблемот можеби не е вашата самодоверба или деп-ресија!




Будалите се среќни во својата глупост. И под глупост не се подразбира дека тие не се интелигентни. Никој не е паметен цело време и никој не знае сè за сè. Тргнете одси себе – кога не знаете нешто за некоја работа, за почеток – тоа го признавате.




И што е уште поважно, не им држите лекции на другите за теми кои не ви се познати или за кои ништо не знаете. Но, тоа не ја спречува будалата да се перчи со своето „знаење“. Будалата е намерно, тупаво глупава и среќна во тоа.




Будалите се гласни и бучни. Може ли будала да биде тивка и срамежлива? Можеби, но ќе ви биде тешко да се сетите на некој таков. Повеќето будали не се заинтересирани за разговор во кој слушаат и зборуваат. Тие држат монолог, викаат, влегуваат во вашиот личен простор и не сфаќаат дека тоа воопшто го прават. Или можеби го прават тоа за да заплашат. Сигурно не е добро за вас.




Будалите се себични нас-илници. Тие се свртени само кон себе. Тие успеваат да ги намалат мислите, чувствата и придонесите на другите, додека во исто време го надувуваат сопственото его и чувствуваат дека вредат многу повеќе.




Зошто глупите прават да се чувствуваме деп-ресивно? Ако сме постојано изложени на будали, тие можат да влијаат на нашата самодоверба. Родителите нè научиле да бидеме добри и љубезни, да ги слушаме и почитуваме другите. Истото го очекуваме и од другите кон нас. Го почитуваме мислењето на другите, дури и кога не се согласуваме со нив. Добрите луѓе не се лутат брзо и имаат тенденција да ги потенцираат позитивните квалитети на другите.




Однесувањето на будалите прави да се чувствуваме глупаво затоа што сме добри. Кога често ја гледаме оваа личност во нашето опкружување, со текот на времето ни паѓа самодовербата, се чувствуваме без-надежно, уморно, таж-но и деп-ресивно. Хроничната емоционална зло-употреба навистина може да доведе до деп-ресија како дијагноза.




ШТО МОЖЕТЕ ДА НАПРАВИТЕ ЗА СЕБЕ?

Бидете искрени со себе. Откако ќе ја согледате вистинската ситуација, ќе ви биде полесно да ја вратите самодовербата. Поминувајте што е можно помалку време со таа личност. Ако сте во иста канцеларија со таа личност, побарајте трансфер.

Грижете се за себе малку повеќе. Поминувајте време со оние луѓе кои прават да се чувствувате добро. Тоа можат да бидат и ваши миленичиња. Сега кога знаете како да препознаете будала кога ќе ја видите, време е да излезете од деп-ресијата и та-гата и да живеете ослобо-дени од овие ток-сични луѓе.