СПРЕМЕТЕ ЈА ТОПЛАТА ОБЛЕКА: ЌЕ ЗАПОЧНЕ ДА ДУВА ЗАСИЛЕН ВЕТЕР СО БРЗИНА ДО ОКОЛУ 60 КМ/ЧАС – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ СЕ НАМАЛАТ – Соопшти нашиот најпознат метеоролог Славчо Поповски и го најави променливото време за следните неколку денови.




Под влијание на постуден воздух од север, денес кон крајот на денов и навечер, како и во текот на утрешниот ден ќе дува умерен, а особено долж Повардарието ЗАСИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец (повремено до околу 60 км/час).




Исто така денес попладне, особено во северните предели ќе има појава на краткотраен локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се искачува во интервалот од 24 до 32 степени, додека кон крајот на денов и навечер осетно ќе се намали и до утре изутрина истата ќе се спушта во интервалот од 5 до 16 степени во најтоплите предели.




Од утре максималната температура ќе се искачува во интервалот од 22 до 30 степени, додека особено студено утро ќе имаме во петок, кога минималните температури понекаде ќе се спуштат дури и под 5 степени и истите ќе бидат под просекот за овој дел од годината.




Времето повторно од утре ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, но само до сабота. Во недела се очекува дестабилизирање на атмосферата со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, кога ќе има услови и за локално ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси.




И во Скопскиот регион денес попладне и навечер, како и утре ќе дува ЗАСИЛЕН северен и северозападен ветер, што ќе услови пад на температурите, особено наутро кога во текот на следните денови наутро температурите ќе паднат до околу 10 степени, додека макималните температури ќе се искачуваат во интервалот до околу 25, 26 степени.




Да се потсетиме, Славчо Поповски вчера предупреди дека кон Македонија се движи студен бран, па од четврток наутро температурите ќе бидат 5 степени, па дури и пониски. „Под влијание на СТУДЕН БРАН од север, кој ќе пристигне утре попладне и навечер и ЗНАЧИТЕЛНО ќе ги спушти температурите на воздухот, особено оние минималните (ноќните и утринските температури)“, објасни метеорологот.




Овој бран ќе услови и појава на краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи во текот на утрешното попладне, особено во северната половина од државава. Денес (31.август) и утре (1.септември) максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.




Додека од четврток максималните температури ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени во најтоплите предели. Утре попладне и навечер, како и во четврток ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено ЗАСИЛЕН ветер (околу 60 км/час) и од северен и од северозападен правец.




Особено ниски утрински температури ќе имаме од четврток кога ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 16 степени во најтоплите предели од државава, па доколку излегувате рано наутро ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас да понесете ПОТОПЛА облека. Овие температури ќе бидат и под просекот за овој дел од годината, односно ќе биде ПОСТУДЕНО од вообичаеното.




Во Скопскиот регион за време на овој студен бран се очекуваат минимални температури од само 10 степени, додека максималните ќе бидат значително пониски и ќе се искачат до околу 25 степени. Сето ова ќе биде проследено со засилен северен и северозападен ветер, особено утре попладне и навечер, како и во четврток.

Одсега гледано, позначителна промена на временската состојба ќе имаме за време на викендот кога се очекува дестабилизирање на времето кај нас и врнежи. Состојбата ќе се следи. Во Скопскиот регион за време на овој студен бран се очекуваат минимални температури од само 10 степени, додека максималните ќе бидат значително пониски и ќе се искачат до околу 25 степени. Сето ова ќе биде проследено со засилен северен и северозападен ветер, особено утре попладне и навечер, како и во четврток.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски ОВДЕ.