Иако во пченката можеме да се сладиме во текот на целата година, онаа која ја јадеме на почетокот од есента содржи најмногу хранливи материи. Втемелено е мислењето дека свежиот зеленчук е поздрав од готвениот, но тоа не важи за сите плодови меѓу кои спаѓа и пченката. Со готвење или печење се зголемува антиоксидантната способност на пченката.




Пченката (лат.Zea mays) е едногодишна билка која е позната пор различни имиња во зависност од регионот, меѓутоа, таа е икона на американската култура која ја познавале Маите, Астеките и Инките. Се смета дека пченката потекнува од Мексико или централна Америка, а доказите за приготвување на јадења од пченка се стари повеќе од 9000 години.




СПАСОНОСНА ХРАНА. Индијанците умееле пченката да ја приготвуваат на „101“ начин, а освен за храна ја користеле и како градежен материјал, за декорација, па дури и за гориво. Познато е дека во јадењата од пченка додавале незначителна количина пепел, бидејќи верувале дека тоа ги прави поздрави.

Денес е познато решението на оваа загатка. Имено, пченката содржи витамин Б3 во облик кој нашиот организам не може да го искористи. Со согорување на дрвото се добива пепел која содржи мали количини вар, а пак која помага во полесно разложување и искористување на витаминот Б3.




Во Европа пченката ја донеле шпанските и португалските истражувачи. За време на долгата Втора светска вој-на, во нашите краишта пченката била спасоносна храна (во облик на палента или пченкарно брашно – леб), а денес претставува деликатес, како за селскиот туризам, така и за градските ресторани кои предност и даваат на домашната, изворна храна.




ЛЕКОВИТОСТ. Иако со пченката можеме да се сладиме во текот на целата година, онаа која ја јадеме на почетокот од есента содржи најмногу хранливи материи. Втемелено е мислењето дека сировиот зеленук е поздрав од готвениот, но тоа не важи за пченката.

Во текот на готвењето или печењето се ослободуваат молекули кои го штитат организмот од влијанието на слободните радикали. Тоа ја зголемува антиоксидативната способност на оваа житарица, која пак превенира од рак, болести на срцето, катаракта и Алцхајмерова болест.




Пченкарното зрно е богато со влакна кои го намалуваат нивото на холестеролот во кр-вта. Фолната киселина која ја содржи пченката во големи количини е неопходна за правилен развој на нер-вниот систем на фетусот, па од тие причини на бремените жени им се препорачува да јадат пченка во првото тримесечје од бременоста.




Меѓутоа, за лек најчесто се користи пченкарната свила, а кај нашиот народ позната како „пченкарни бркови“. За да биде лековита, пред опрашувањето потребно е да се набере и нагло да се исуши на умерена топлина за да ја сочува зелената боја. Исто така, добра е и онаа свила која ќе се набере додека пченката е млечна.

Зрелата, темна и сува пченкарна свила е безвредна и не содржи никакви лековити својства. Меѓутоа, на онаа правилно набраната, лековитото дејство е огромно. Пред сè, претставува извонредно средтсво за излачување на урината. Се користи во лекување на водени болести, болести на уринарни патишта и исфрлање на песок и камчиња.




ЧАЈ ЗА СЛАБЕЕЊЕ. Една лажица добро исушена пченкарна свила прелијте со една шолја врела вода. Оставете 10-тина минути, па процедете. Чајот чувајте го во термос за да биде топол. На секои два-три часа пијте по неколку голтки од овој чај, во текот на целиот ден.




ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПРИТИСОКОТ. Ставете 3 лажици пченкарно брашно во 300 мл ладна вода. Оставете да отстои 3-4 часа. Приготвениот напиток освен на почетокот, после не треба да се меша. Брашното останува наталожено на дното од чашата како талог, а се пие само водата. Се пие секој ден, во текот на подолг период, а на кој му годи, може да приготвува поголема количина и да го пие наместо вода.




ЧАЈ ПРОТИВ ВОСПАЛЕНИЕ НА ЈАЈНИЦИ. Помешајте 6 лажици пченкарна свила и 4 лажици мечкино грозје, невен и мајчина душичка (од Билна аптека). Земете 4 лажици од оваа мешавина и варете со 500 мл вода 10-15 минути. Кога чајот ќе излади, се пие 3 пати дневно пред јадење, по 1 шолјичка.




ЗА ПОЛЕСЕН ОБЛИК НА БУБРЕЖНО ВОСПАЛЕНИЕ. 40 г пченкарна свила, 40 г коњско опавче, 40 г росопас, 40 г питомо нане, 40 г женски кантарион, 40 г тимијан, 40 г мелени смрекинки, 20 г лист од целер, 20 г машки тегавец (од Билна аптека). Сите билки потребно е да се иситнат и помешаат.

ПОСТАПКА: Во 1 литар зовриена вода ставете 10 г од мешавината и поклопено варете 1,5 минута. Кога чајот ќе се олади, процедете во темно шише. Се пие 3 пати дневно по 100 мл пред јадење помеѓу оброците, а на секои 2 часа по 50 мл.

КАША ПРОТИВ РЕВМАТИЗАМ. многу е погодна за приготвување на облоги за б олни зглобови и ревматизам. Овие облоги долго остануваат топли и со нив се постигнува добра исхрана на ткивата. ПОСТАПКА: пченкарното брашно се попарува со врела вода за да се добие каша. Се нанесува топло, колку може да се поднесе, па се фиксира со ленена крпа и одозгора со кеса или проѕирна фолија.

ЗА ЖЕЛУДНИК. За сите облици на желудочни тегоби, особено со засилено лачење на ки-селини, добро е да се јаде лесна, немасна пилешка или телешка супа во која се додале пченкарни снегулки. За истиот проблем добро е да се јаде пченкарна каша или ретко сварена палента.