ВКУСНИ ПИШИИ ЗА 5 МИНУТИ, не се масни, а излегуваат многу за целото семејство. Рецепти од каналот Мој Агол. Вкусни пишии кои ги правам секогаш за појадок. Лесно и едноставно, а ги сакаме и солени и благи, а понекогаш ги јадеме и така.




Многу брзо се подготвуваат, а најчесто од нив им пакувам на децата за на училиште да имаат да јадат. Стојат и по два дена, само мора да ги покриете да не се сушат. Инаку се лесни и не чувствувате тешкотија по јадењето.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 400 мл јогурт или кисело млеко, 1 чајна лажичка сол, 500 г брашно (јас користам бело брашно тип 500) и 1 ќесичка прашок за печиво или 12 г. На пример може да ја зголемите количината и да направите двојно повеќе, а од оваа смеса излегуваат 8 – 9 пишии.




ПОСТАПКА: Во поголем сад се ставаат јајцата и малку се разматуваат. Потоа додајте 400 мл јогурт или кисело млеко, па посолете со 1 чајна лажичка сол. Се добро измешајте до соединување.




Постепено додавајте го брашното, јас користам бело брашно тип 500. Со постојано мешање, наросувајте си од брашното, па додајте 1 ќесичка прашок за печиво, и мешајте со лажица се додека да ви се формира смеса како онаа за пудинг.




Доколку ви е потребно повеќе брашно, слободно додајте, но бидете внимателни да не ви се истури премногу. Потребно е да формирате хомогена смеса, не премногу течна, но да не биде ни густа, како онаа пред да се формира тесто.




Во тавче ставете 200 мл масло за да се прекрие дното и почекајте да се загрее. Со помош на кутлача (не ја полнете цела) распоредете го тестото во круг како за палачинка. Пишиите излегуваат што подобро доколку се потенки.




Во средно голема тава загрејте масло, па пржете ги пишиите прво со страната која била свртена кон горе, а штом заруменат, свртете ги и од другата страна. На овој начин стануваат како воздушни перничиња.




На овој начин се покрцкави и побрзо се пржат. Се пржат од двете страни по 2 минути, додека да заруменат во загреаното масло. По пржењето на првата пишија, намалете ја температурата на ринглата, па испржете ги сите пишии на ист начин.




Пишиите ставајте ги во голема чинија на хартија да се исцедат од маслото, вишокот што останал, а кога малку ќе се подизладат сервирајте ги со сирење, шунка, кашкавал или некој домашен мармалад / џем.




Се послужуваат топли. Во тестото може да додадете ситно сечкани мали лути пиперчиња (за возрасните) или малку зелени перца од кромид. Многу се вкусни, но малку помалку нараснуваат кога ќе им додадете зеленчук. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.