Потењето на нозете може да биде многу непријатно, особено ако сте по цел ден во исти чевли. Грижата за стапалата е задолжителна и не треба да се избегнува. Кога нозете се потат, тие се влажни и чувствувате непријатен мирис, дури и преку чорапите.
Непријатниот мирис на стапалото може да ги попречи секојдневните навики, луѓето се срамат од тоа и избегнуваат соблекување на чевлите во друштво или пред партнерот. Сепак, мирисот не може да се скрие и колку повеќе го чувате во чевлите, толку ситуацијата станува полоша.
Освен што е непријатен мирисот, непријатно е и чувството на влажни стапалата, како да сте нагазиле во вода. Вашите стапала се често ладни и влажни, а кога сте во некои прекрасни сандали, имате впечаток дека нозете ви се лизгаат од нив, а покрај тоа, можно е дас ви се појават и плускавци.
Едно треба да разликуваме. Кога температурите се високи, односно преку лето, нашето тело се поти, па нормално е и вашите нозе да се потат, но ако стапалата ви се потат преку целата година, без разлика дали е ладно или топло, тогаш треба да го решите проблемот на поинаков начин и да ја најдете точната причина за оваа појава.
Причината за потење на стапалата сè уште не е целосно истражена. Генетиката е една од причините што експертите ја наведуваат како главна причина, и тие го споредуваат овој феномен со појавата на потење на дланките.
Разликата е во тоа што потењето на дланките се јавува во порана возраст, во пубертет или детство, а потењето на стапалата се јавува подоцна во животот. Кога нозете ви се ладни и се потат, не мора да значи дека сте болни, но треба да бидете внимателни.
Ако оваа состојба е присутна долго време, може да имате скриена болест што ја загpo-зува периферната циркулација. Кога е студено, циркулацијата ви е поинаква отколку во летниот период, кога е топло.
Постарите луѓе се поран-ливи, особено ако не се доволно активни, ако се справуваат со прекумерна тежина, ако нивните хормони не се во рамнотежа или се преоптоварени.
И мажите и жените имаат проблеми со потење на стапалата и чувство на студ. Поради тој ненадеен студ, доаѓа до спазам на стапалата и неможност за поместување на одреден прст. Веројатно знаете кога некој ќе каже „прстите ми се смрзнати“, всушност станува збор за потење на стапалата.
Потта сама по себе нема специфичен мирис, но при контакт со разни бактерии настанува непријатниот мирис кој на сите ни е добро познат. Честото потење на нозете може да укажува на некоја габична или бактериска инфекција на стапалото или ноктите.
За да го спречите постојаното потење, испробајте еден ефикасен, домашен метод кој е потребно да го практикувате 4-5 пати во неделата. Кога ќе се вратите дома после работа, чевлите оставете ги на провев, место со прооден воздух да се излуфтираат, а во нив наросете бебешка пудра во прав.
Нозете мијте ги секоја вечер со млака вода и сода бикарбона, а потоа завиткајте ги во алуминиумска фолија во која потребно е да ставите малку лимонов сок и сода бикарбона во сооднос 1:1.
Оставете лекот да делува половина час, а потоа нозете исплакнете ги со млака вода, па добро избришете ги. Преку ноќ и на нив наросете малку бебешка пудра, а по третманот повеќе нема да имате проблем со потење.