ДР ПЕРИШИЌ ОТКРИВА КАКО МОЖЕТЕ ДА ГИ ОТСТРАНИТЕ ХЕМИКАЛИИТЕ ОД ОВОШЈЕТО: Јаболката лупете ги, а грозјето мијте го барем половина час. Овошјето и зеленчукот се полни со штетни пестициди, кои можат да му наште-тат на вашето здравје.




Овошјето е дел од растението што се развива од цветот. Исто така, тоа е дел од растението што во себе ги содржи семките. Другите видови растенија се сметаат за зеленчук.




Но, во секој случај и овошјето и зеленчукот треба да се третираат на ист начин, односно да се исчистат од пестициди и други хемикалии пред јадење, а за тоа неодамна говореше познатиот д-р Воислав Перишиќ.




Д-р Перишиќ има едноставен начин за како да го исчистите овошјето од пестициди во домашни услови. ,,Малкумина го прават ова, и потребно е..” – советува докторот.
Кога купувате овошје и зеленчук, внимавајте дали е мрсно кога ќе го допрете. Ако е мрсно, знајте дека е третирано со хемикалии.




Ова е пораката на гастроентерологот проф. д-р Воислав Перишиќ, кој во една утринската програма зборуваше за третманот на овошјето и зеленчукот пред да ги јадеме.




,,Пред да одлучиме да јадеме јаболко, треба да провериме дали неговата кора е мрсна,” – вели проф. Перишиќ. ,,Ако е, мора да го измиеме во раствор од сода бикарбона и вода или оцет и вода. Јаболкото треба да стои во тој раствор најмалку 15 минути,” – продолжува докторот.




Тој, исто така, предложи еден рецепт за миење на овошјето и зеленчукот: ,,Во сад ставете 10 грама сода бикарбона, или една лажица на литар вода. По најмалку 15 минути, јаболкото треба да се извади од тој раствор, добро да се измие и задолжително да се излупи.




Ток-сините се концентрирани под кората,” – објаснува проф. Перишиќ и додава дека кората од јаболко е корисна само за чистење на забите од друга храна што претходно сме ја јаделе.




Исто така, докторот посочува дека е потребно да се отстрани и дршката и темниот дел под дршката, бидејќи концентрацијата на хемикалии со кои се третира овошјето во тој дел е највисока.




Кога станува збор за грозјето, проф. Перишиќ предупредува дека ова овошје треба да се мие под проточна вода дури 30 минути. По таков третман со вода, важно е добро да се исуши секое зрно, и само тогаш да се јаде. ,,Кумулативно гледано, опасно е да се јаде грозје кое не е подготвено на овој начин,” – предупредува проф. Перишиќ.




Досега препораката беше да јадеме минимално пет порции овошје или зеленчук во денот, а сега препорачаната доза е двојно зголемена. Според експертите, пет порции овошје или зеленчук дневно се задолжителни, а десет се идеални и претставуваат одлична навика што драстично ќе ви ги намали ризиците од разни болести и ќе ви го продолжи животот.