Овој напиток е хранлив, а дава неверојатна енергија која на сите ни е потребна за да го издржиме напорниот ден.
Потребни состојки:
1 шолја вода или кокосова вода
1 лажица чиа семе
½ чажица сок од лимон или лимета
природен засладувач по желба
Постапка:
Чиа семето и водата измешајте ги во една чаша, па оставете да отстои околу 15 минути.
После 15 минути чиа семето ќе набубри.
Потоа додадете лимонов сок и засладувач по желба.
Добро промешајте и испијте го напитокот.
Ако семете потоне на дно, измешајте со лажица.