Среќата е многу важен сегмент од животот и стремеж по кој се водиме сите. Секој човек е во потрага по тајната, магичен лек што ќе го направи среќен и ќе ги отстрани сите проблеми од животот.
Некои важни работи и совети кои се сметаат за безвременски се клучни работи по кои треба да се води еден човек за да има мирен и среќен живот, а советите може да ги прочитате подолу.
Ослободете се од негативноста околу себе. Среќните луѓе никогаш не обраќаат внимание на тоа што другите мислат за нив, особено ако тие луѓе не им се важни.
Сакајте се себе си. Треба да се цените и сакате себе си. Ако не се цените себе си, никој друг околу вас нема да ве цени. Штом се сакате себе си, ќе имате желба и сила да ги сакате сите околу вас. Ако се занемарите себе си, ќе станете несреќна личност.
Научете да кажете НЕ кога не сакате да направите нешто. Голем проблем за несреќните луѓе е тоа што тие не знаат како да им кажат НЕ на другите кога им бараат нешто. Не можете да прифаќате се што ќе се побара од вас, за да ги задоволите потребите на другите. Така луѓето постојано ќе ве исцрпуваат.
Уживајте во сегашноста. Среќната личност никогаш не размислува за грешките од минатото или како ќе изгледа животот во иднина. Без каење, без испитување на постапките. Се што се случило, морало некогаш да се случи. Уживајте во сегашноста и обидете се сами да си ја разубавите.
Грижете се за вашето здравје. Кога сте здрави, тогаш сте целосно среќни. Ова не може да го разберат луѓе кои никогаш немале здравствени проблеми. Само оној кој некогаш бил болен, знае колку да го цени здравјето и колку е среќен човек кога е здрав.
Живејте го вашиот живот. Среќните луѓе го живеат животот што го сакаат, а не како што другите им велат. Она што другите луѓе го мислат за нив е сосем неважно за вас. Важно е само како се чувствувате.
На социјалните мрежи до многумина допре едно мудро писмо од авторот Лилја Град за работите кои премногу се обврзуваме и се мачиме самите себе си. Таа посочува дека ова била најдобрата одлука која ја донела во нејзиниот живот, а нејзиниот напис гласи вака:
,,Една од најсреќните одлуки во мојот живот е тоа што успеав да ги оставам луѓето да мислат што сакаат за мене. На крајот на краиштата, нивна работа е тоа, тие се нивните мисли и нивно потрошено време, а тие одлучуваат да го поминуваат онака како што сакаат.
Што имам јас со тоа? И сега сум прекрасно слободна. Повеќе не се плашам да разочарам никого! Не расправам ниту една минута. Не влегувам во никаква дискусија. Не се докажувам дека сум во право или не.
Мрзелива сум за тоа. И навистина жалам за времето кога не бев мрзлива за расправии. Премногу сум мрзелива да се натерам да разговарам со оние со кои не сакам да разговарам. Мрзелива сум, да правам глупави разговори и преписки со луѓе кои не се интересни за мене, кои сакаат да ми ја наметнат нивната етикета и комплекси.
Премногу сум мрзелива да се извинам за моето мислење, кое никогаш не го наметнувам на никого, но не барам и од нив да ме убедат. Научете таква мрзеливост, драги мои.
Затоа што ќе ве спаси за луѓето кои ви се важни во животот. Тоа ќе ви овозможи да им помогнете на оние на кои навистина им е потребна вашата помош и да не губите време на оние што се истураат во шупливото.
Мрзеливоста исто така ќе направи прекрасна голема заштеда во вашиот живот, по што во неа ќе остане само она што ви треба. Да се ослободите од непотребните работи на сите нивоа е еден од условите за одржување на менталното здравје, исто како и сите други.
Затоа што ништо не уни-штува како зависноста од туѓите мислења и насилството врз нас самите, додека цело време се обидуваме да исполниме нечии очекувања и да бидеме добри со секого.
Помилувајте се себе си! Не преземајте обврска емоционално да им служите на оние кои мислат дека нивното мислење за вас треба да влијае на вашиот живот. Никој освен вас не треба да влијае на вашиот живот. И така, нека мислат за вас како што сакаат, а вие живејте додека тие мислат.”