Потребни состојки: 125 г путер/маргарин, 4 лажици јогурт, 100 мл млеко, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер, 1 јајце, 1 сув квасец и 550 г брашно За фил: По желба димено месо, колбаси, сирење, кашкавал и слично, и 1 жолчка за премачкување.




Постапка: ставете половина од брашното во подлабок сад за месење, додајте сол, шеќер и путер омекнат на собна температура. Започнете постепено да додавате претходно разматено млако млеко и квасец, па сето добро соединете го.




Во таа смеса додадете јогурт на собна температура и едно јајце, па со постепено додавање на брашното замесете тесто кое не се лепи на рацете. Оставете го тестото 15 минути на топло место.




За фил ситно исечкајте сè што сакате, а жолчката изматете со една лажица масло или млеко, за премачкување. Од стасаното тесто правете топчиња со величина на мандарина, па редете ги во плех. На секое топче со прст притиснете во средина за да се добие дупче.




Топчињата премачкајте ги со изматената жолчка. Во секое дупче ставете фил и добро притиснете. Оставете го тестото уште 15-тина минути да стасува. Загрејте ја рерната на 200 степени и печете го печивото додека да добие румена боја.




Печивото навистина е меко како памук, можете да го филувате по желба, да го послужите за појадок, вечера или како закуска со пиво. / Coolinarika.com. Следниот рецепт е „Полнето печиво како памук меко – Тесто со мерки на чаша.“ Одлична идеја за појадок или вечера, печивата се вкусни и меки како памук, пробајте ги, сигурно ќе ви се допаднат.




Потребни состојки: 20 г квасец, 1 лажица шеќер, 1 лажичка сол, 1 чаша (од 200 мл) вода, 1 чаша млеко, 1 чаша масло и 6-7 чаши брашно (меко тип 400), За фил: кисела павлака, колбаси, свеж домат, свежи пиперки, малку кашкавал. За премачкување: 2 жолчки, сусам, ким за наросување. Се печат на 180 степени, 35 минути




Постапка: За мерење се користи чаша од 200 мл. Во подлабок сад издробете го квасецот, додајте лажичка шеќер и малку млака вода. Промешајте колку да се растворат квасецот и шеќерот. Додајте го остатокот од млаката вода, млекото и маслото, па промешајте. Кога течните состојки ќе ги промешате, започнете постепено да го додавате брашното и солта.




Кога ќе ставите шест чаши брашно, доколку тестото е сè уште меко, тогаш додајте уште малку брашно, мах до една чаша. Чаша по чаша додека го додавате брашното мешајте за да се изедначи смесата и да биде без грутчиња. Не го додавајте одеднаш целото брашно.




На крај кога убаво ќе го измесите тестото со рака, треба да добиете меко тесто кое е еластично, но не се лепи на раце. Од тестото формирајте топка, оставете го во садот и покријте го со проѕирна фолија или памучна крпа. Тестото оставете го на топло место да стасува додека да ја удвои величината.




Од стасаното тесто кинете парчиња со големина на тениски топчиња, премесете ги малку и редете ги во плех обложен со хартија. Топчињата редете ги на одредено растојание и покријте ги да остојат некое време. Додека стасуваат топчињата, исечкајте го зеленчукот и сувомеснатото, односно состојките кои ќе ги користете за фил.

Дното на една стаклена чаша, од надворешна страна натопете ја во масло, па притиснете врз топчето до самиот крај и на тој начин формирајте вдлабнување. Повторете ја постапката со сите преостанати топчиња. Големината на чашата треба да биде помала од кругот на топчињата.

Изматете две жолчки и премачкајте ги печивата, а одозгора наросете со сусам и ким или по желба. Ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени, околу 30-35 минути. Кога се печени печивата одозгората ставете рендан кашкавал и вратете уште 2-3 минути за да се растопи и запече.

полнето памук печиво
памук печива