Има седум билки кои можете да ги одгледувате во вода, без земја и полевање, бидејќи убаво растат и едноставни се за одржување.
Наједноставно е да земете гранче од билката со корен и да го ставите во стаклено шише или вазна наполнета со обична вода. Одбегнувајте директна употреба на хлорирана вода, бидејќи таа не е добра растителните влакна. Значи, водата оставете ја да отстои преку ноќ или купете купечка вода.
Гранчињата брзо пуштаат коренчиња во вода. Не е потребно на водата да се додаваат суплементи за побрз раст.
1.МЕНТА
Ментата /нането е билка која најмногу се користи во медицински цели бидејќи содржи високо ниво на ментол. Одгледувањето во вода е едноставно. Потребно е само да ставите свежи гранчиња во вода за да пораснете нови млади гранчиња.
2.ОРИГАНО
Земете свежи гранчиња и ставете ги во вода.
3.БОСИЛЕК
Босилекот е билка на кој му годи топлина и може долго да опстои во сад полн со вода, додека е топло во просторијата. Земете гранче пред да започне со цветање.
4.ЖАЛФИЈА
Земете гранче жалфија пролетно време и ставете го во вода. На оваа билка потребна и е осветлена просторија бидејќи е склона кон габични заболувања.
5.МАТОЧИНА
Листовите од оваа билка може да се користат за чај и многу е популарна во домаќинставата. Гранчињата е најдобро да се земат на пролет или во есен. Потребни се 3-4 седмици за да пушти корења. Исто така, водете сметка садовите со вода да ги чувате на топло и осветлено место, а водата да биде чиста и редовно да ја менувате.
6.РУЗМАРИН
На рузмаринот му е потребно подолго време за да пушти корења , но оваа билка без проблем можете да ја одгледувате дома на сончево место.
7.СТЕВИЈА
Оваа слаткаста билка е одлична за засладување на чаеви и други напитоци. Земете гранче и ставете го во вода, а за да расте потребно е да и обезбедите топло место на кое ќе има доволно сончева светлина.