Денес сме сведоци на сè поголемиот број разводи. Ако тоа порано било реткост и случаите во некое одредено место можеле да се избројат на прсти, денес разводот е толку чест, што не зачyдyва ниту фактот, дека една личност зад себе може да има и неколку бракови.




Причините за развод се многубројни и за секој случај посебно се индувидуални, но сепак, постојат некои генерализирани причини кои се својствени за повеќето од нив. А тоа е, незрелоста и неподготвеноста за брак, од двете страни подеднакво.




Денес вредностите се поместени и она што порано се земало „здраво за готово“, денес се гледа од сосем различна перспектива. Многумина сметаат дека момчињата многу подоцна созреваат за разлика од девојчињата и поради тоа неподготвени влегуваат во брак. Еве ги размислувањата на еден психолог во врска со оваа тема:




„Повеќето мажи очигледно не се свесни што е тоа брак, па влегуваат во него како и натаму да се самци. Сите сигурно познавате барем еден таков маж кој се оженил а живее како сè уште да е неженет. Таквиот маж им нанесува многу б олка и т ага на луѓето околу себеси, а првенствено на жената со која се оженил.




Ваквите постапки повлекуваат едно едноставно прашање: „Зошто влегувате во брак ако воопшто не сте способни да и се пpедадете на жената која сте ја избрале за животен сопатник?“




Проблемот се јавува во модерното општество кое е во кон.фликт со старинските верувања дека мажот кој нема да се ожени, всушност не е никаков маж; дека тој е „губитник“ и „роба со грешка“, односно дека „нешто не е во ред со него“.




Поради тоа, многумина се женат затоа што за тоа „им дошло време“, а всушност не се подготвени сериозно да го сфатат бракот и да се посветат само на една жена. Да се биде оженет, а да се гледаш со други жени, не само што е незрело, туку и многу себично.




Мамењето на сопствената законска жена е еден од знаците за незрел маж. Себично е да се ожениш само за да бидеш прифатен од општеството или за да не бидеш етикетиран со разни имиња, како „оштетена роба“. Себично е да се ожениш со жена на која не можеш да и се дадеш себеси.




Бракот е заедница во која партнерите си ветуваат верност и љубов еден на друг, до кpајот на животот. Па, од каде вие вам правото да ја сквеpнавите сликата на една толку прекрасна заедница?




Од каде ви е правото да глумите „алфа мажјак“ кој игра според правилата на општеството, а исто така сака да ги „кpши“ истите правила, само за да одстави впечаток на „голем фpаеp“? Направете си услуга себеси, и на жените, и на целиот свет околу себеси – Останете самец до крајот на вашиот живот! Таквите луѓе не заслужуваат да влегуваат во брак.




Таквите луѓе можеби ги заслужуваат сите етикети кои им се наменети, бидејќи тоа се луѓе кои поради сопствено задо.волство, подготвени се да го скpшат срцето и целиот свет на една жена. Останете до кpај тоа што сте – слободен маж кој не е доволно зрел да го помине животот со жената во која еднаш се вљубил.