Понекогаш среќата некому се чини недостижна, меѓутоа секогаш постојат патишта по кои може да се зачекори и да се стигне до неа. Некогаш тие патишта се прави и поплочени, но некогаш се стрмни и карпести.




Најпосле, среќата е состојба на yмот, па секој сам си е одговорен за својата среќа. Среќните луѓе се како магнет за останатите околу нив и секој сака да има такви луѓе во својот живот. Ова се 10 работи по кои среќните жени се разликуваат од другите. Тие сами се заслужни за својата среќа:




СРЕЌНАТА ЖЕНА СЕКОГАШ Е ЉУБЕЗНА. Љубезноста пак, ги прави и другите луѓе околу неа да бидат среќни. Среќните жени се секогаш позитивна промена во светот. Тие секогаш простуваат и не се лутат за неважни работи, бидејќи само на тој начин може да одат напред. Со задоволство им делат комплименти на другите луѓе, бидејќи знаат дека на тој начин некому ќе му го разубават денот.




СРЕЌНАТА ЖЕНА Е БЛАГОДАРНА. Таа ги препознава секојдневните благослови поради кои има причина да биде среќна. Ако не знаете како ова да го постигнете, тогаш послужете се со овој едноставен метод: запишувајте ги сите причини поради кои би можеле да бидете среќни. Тоа се: доброто здравје, топлата вода, храната и водата, кров над глава, семејството, пријателите кои ве сакаат, работата која ви обезбедува финансии и сл.




СИ ПОСТАВУВА ПРЕДИЗВИЦИ. без разлика дали тие предизвици се интелектуални, физички или нешто друго. Всушност затоа таа е среќна, бидејќи овие предизвици се пресудни за доброто мен.тално здравје. За да си поставите себеси предизвик, сторете го следново: започнете да посетувате часови по нешто што ве интересира, испробувајте нови рецепти, поставете нови цели во вежбањето и излезете од зоната на комфорот.




ГО ГЛЕДА САМО ДОБРОТО ОКОЛУ СЕБЕ. Жената која е среќна успева од сите можни ситуации да го извлече само она најдоброто. Само сетете се на анегдотата со чашата: таа за некоко е полупразна, но за некого е полуполна. Вие одлучувате за тоа од која перспектива ќе гледате на работите.




СЕ ОПКРУЖУВА СО ДРУГИ ЛУЃЕ КОИ СЕ СРЕЌНИ. Среќната жена секогаш одбира да биде во друштво на позитивни луѓе. Доколку се опкружите со негативни луѓе, тоа исто така ќе се одрази негативно врз вас. Ако вашите пријатели се среќни, тогаш и вие ќе бидете среќни. Мудро бирајте ги вашите пријатели.




СРЕЌНАТА ЖЕНА СЕ СООЧУВА СО РАБОТИТЕ КОИ И ПРЕЧАТ. Таа е доволно паметна и знае дека мора да се соочи со своите проблеми за да може да продолжи понатаму. Сфатете, не можете да бидете среќни доколку на грбот влечете работи кои ви причинуваат тежина.




СРЕЌНАТА ЖЕНА СЕ ГРИЖИ ЗА СЕБЕСИ. Таа води сметка за својата исхрана, вежба, добро спие, не се двоуми да побара помош тогаш кога и е потребна и секогаш издвојува време кое ќе го посвети за себеси. Тоа може да биде еден час во денот или еден ден во неделата.




НЕ СЕ ГРИЖИ ЗА ТОА ШТО ЌЕ РЕЧАТ ДРУГИТЕ. Мислите дека воопшто „не и е гајле“ за тоа што ќе речат другите? Не е вистина. Меѓутоа, таа има доволно самодоверба и не сака да се менува само за да им угоди на другите.

СРЕЌНАТА ЖЕНА ПРЕЗЕМА ОДГОВОРНОСТ. Ако згрешила во нешто, тогаш таа храбро ќе истапи, ќе си ја признае грешката и ќе се извини. Исто така, одговорна е, доволно работи на себеси за во иднина да има што повеќе позитивни искуства.




ТАА СЕКОГАШ Е ДОБРА КОН СЕБЕСИ. Таа себеси си е свој пријател, има самопочит и знае да ги слави своите успеси и самата себеси да си честита. Таа постојано се надградува и работи на својот развој. Се почитува себеси и затоа ја почитуваат и другите.