Калциумот има голем број важни функции во работата на организмот. Освен што помага во создавање на коскена маса со што спречува појава на остеопороза, овој минерал придонесува за нормализирање на работата на неpвите и мускулите.




Покрај набројаните функции, исто така влијае врз регулацијата на работата на срцето, овозможува нормална коагулација на крвта и поттинува подобро и поквалитетно спиење.




Овој минерал покрај другото е важен и за работата на имунолошките клетки, како и за  здрава кожа и коса. Бројни се факторите кои го црпат калциумот од организмот, а тоа се пред сè: физичката неактивност, газираните пијалаци, а лкохолот, па дури и кафето.




Кон недостиг на калциум особено се склони бремените и жените во менопауза, повозрасните мажи, како и лица кои имаат дигестивни пречки, особено оние со порозни црева.




ЛУШПИ ОД ЈАЈЦА. Во својот состав содржат 90% калциум и претставуваат најдобар природен извор на тој минерал. Телото многу лесно го апсорбира, бидејќи лушпата од јајцето според хемискиот состав е речиси идентична на човековите коски и заби.




Може да се набави во аптека, а можете и сами да си направите прав од лушпи од јајца. Доколку редовно се конcyмира, може да помогне во ублажување на симптомите од недостиг на калциум и да го спречи развојот на остеопороза.




Покрај тоа, помага против висок холестерол и зголемен притисок, а ја поттикнува и коскената срж на производство на к рвни клетки. Во зависност од возраста, препорачана дневна д оза е 1,5 до 3 грама мелена лушпа од јајце.




ЗА ШТИТНА ЖЛЕЗДА. Лушпи од осум јајца добро измијте ги, исушете ги и иситнете ги. Потоа прелијте ги со сок од два лимона и оставете ги добро затворени во стаклен сад, да отстојат во фрижидер два дена.




Кога лушпите ќе се стопат, процедете ја течноста и помешајте ја со еден литар ракија и еден килограм мед. Оставете да отстои седум дена пред употреба. Конcyмирајте по една лажица, двапати дневно после јадење.




ЧИР И ГАСТРИТИС. Една лажица мелени лушпи од јајца помешајте со една лажица шеќер и една лажица мелено мускатно оревче. Земајте 20 дена, трипати по една лажичка.

На врв од лажичето (прстофат) мелени лушпи од јајца помешајте со две лажици лимонов сок. Кога ќе се растопат во сокот, додајте 100 мл топло млеко. Земајте двапати дневно, наутро на празен стомак и навечер пред спиење.




ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ. Лушпи од 4-5 јајца добро измијте ги, иситнете ги и ставете ги во три литри вода. Водата со лушпите чувајте ги во фрижидер една седмица и користете ја водата за пиење. Дневно земајте две до три чаши со малку лимонов сок. Овој напиток ја прочистува и к рвта.