Плускавец настанува при триење или изгореници кои прават оштетување на горниот слој од кожата. Ако пукнал, никако не ја отстранувајте кожата, а ако е болен, подобро е што поскоро правилно да го исцедите.
ПЛУСКАВЕЦ КОЈ ПУКНАЛ
Немојте да го дупнувате, туку само измијте го со сапун и дезинфицирајте со антибиотска маст. Оставете го местото непокриено, евентуално ставете лабав завој и оставете да се суши на воздух. Немојте да правите притисок на местото на кое се наоѓа плускавецот.
ПЛУСКАВЕЦ КОЈ ПУКНАЛ
Измијте ја областа околу плускавецот со сапун и вода. Немојте да користите алкохол, јод или хидроген пероксид. Оштетената кожа лесно израмнете ја и потапкајте малку за да се прилепи.
Намачкајте со антибиотска маст.
ПЛУСКАВЕЦ КОЈ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ИСУШИ
Понекогаш плускавците се многу болни, големи или на место кое не може да се заштити од притисок, допир или потење. Измијте го местото на кое се наоѓа плускавецот. Иглата дополнително стерилизирајте ја со алкохол, направете мало дупченце на ивицата од плускавецот и нежно притиснете и исцедете. Повторно измијте и исушеете со лесно тапкање.
Не ја отстранувајте кожата и намачкајте со антибиотска маст.
ПРЕПОЗНАЈТЕ КОГА ТРЕБА ДА ОДИТЕ НА ЛЕКАР
Ако плускавецот не е само обичен плускавец и доколку не ја знаете причината за неговиот настанок, можеби неговата појава е поврзана со дијабетес или проблем со циркулацијата, особено ако тој не поминува или се повторува.
Исто така, доколку поцрвене, продолжува да отекува или болката се зголемува, можеби местото се инфицирало. Ако од него истекува течност повеќе од 5 дена, порате да одите и тоа да му го покажете на лекарот.
Една од најдобрите начини за превенција е намалување на влажноста. Ставете силиконски перничиња на чувствителните места каде отприлика знаете дека ќе ви се појават плускавци, или малку детска пудра или некое друго средство кое намалува потење на стапалата или помеѓу прстите, особено пред одење на вежбање или пешачење.