Неодамнешното истражување кое го спроведе Американското Министерство за Земјоделие покажува дека сите ние кои лубеницата пред консумирање ја ставаме во фрижидер – грешиме!
Имено, како што велат експертите, лубеницата треба да се чува на собна температура за да ги задржи сите хранливи состојки со кои обилува. Кога е ладна, лубеницата ги губи поголемиот број витамини и минерали.
Уште една работа која научниците ја откриле е таа дека плодот продолжува да произведува витамини и хранливи материи и откако е набран, но повторно – само доколку е на собна температура. Кога ќе ја ставиме лубеницата во фрижидер, тој процес значитено се успорува.
Во склоп на истражувањето научниците оставиле лубеници на 21, 12 и 5 степени, па откриле дека оние кои биле чувани на 21 степен имале 40% повеќе ликопен и од 50 до 139% повеќе бета каротен.
Факт е дека намирниците ги губат хранливите својства кога се чуваат во фрижидер.
-Секоја намирница во фрижидер ги губи здравите материи. Затоа лубениците треба да се купуваат во количина која можете да ја изедете веднаш, а не да ја складирате за неколку дена. Ако сепак ви остане, најдобро е да и ги извадите семките, да ја изблендате и замрзнете, па да ја оставите како смрзнат сок за во есен и зима која нема.
Секогаш, а ова ваши за секое овошје, најголемиот бенефит е доколку се консумира веднаш, или ако нерасечено се замрзне. Најмногу хранливи материи губи доколку плодот е исечен и оставен во фрижидер.
А лубеницата е една од најдобрите работи со кои можете да се почастите летно време, бидејќи се состои од 90% вода, па ќе бидете хидрирани и освежени. Поради ова нејзино својство е идеална за диети, а полна е со хранливи материи како витамин Ц и А, бетакаротен, ликопен, железо, цинк и многу други минерали.