Подолу можете да го погледнете видео рецептот за пита со сирење без јајца и млеко. Одлична за оние кои ги започнуваат своите авантури во кујната.
Потребни состојки:
- 500 г тенки кори
- 250 г ситно сирење
- 100 мл масло
- 200 мл вода
- 1 лажичка сол (само доколку сирењето не е солено)
Постапка:
Водата и маслото помешајте ги, а сирењето посолете го доколку е потребно. Во подмачкана тепсија редете: кора, па со четка добро намачкајте ја со мешавината од вода и масло, па ставете уште една кора, па повторно премачкајте и наредете малку од сирењето. Постапката повторувајте се додека да ги потрошите намирниците. Последната кора премачкајте ја добро и ставете да се пече на 200 степени додека да порумени. Печената пита прекријте ја со крпа и оставете 5 минути да отстои. Исечете и послужете.
Питата одозгора е крцкава а одвнатре фина и мека. Супер е што брзо и едноставно се приготвува!