Потребни состојки за основа:
- 1 кг компир
- 1 јајце
- 1 лажица сол
- 100 г кашкавал
- 100 г шунка
- 2 лажици млеко
- 20 г путер или маргарин
- перциња од млад кромид
за панирање:
- 1 јајце
- 2 лажици млеко
- презла по потреба
Постапка:
1.Изрендајте или исечкајте ситно шунка и кашкавал, како и зелените перциња од малд кромид.
2.Сварете го компирот, излупете го и додека е топол изгмечете го во пире.
3.Додадете малку путер, сол, две лажици млеко и измешајте…кога ќе излади додадете јајце, сечканите шунка, кашкавал и кромитче.
4.Од добиената смеса правете топчиња со величина по ваша желба.
5.За панирање изматете едно јајце со 2 лажици млеко, па топчињата валајте ги прво во јајцето, а потоа во презлата и пржете ги…најубаво е двапати да ги ставите во јајце и прела па уште еднаш во јајце, па презла…
Ова е одлично брзо јадење а можете да го послужите и како мезе.