Лесна и вкусна вечера и кога ќе излади…

Многу вкусно и многу брзо, децата ја обожуваат!

Потребни состојки за тесто:

250 г остро брашно
120 г путер-маргарин
2 јајца
прстофат сол
1 ½ лажичка прашок за печиво

За фил:

3 јајца
1 китка млад кромид
150 г шунка
40 г пармезан
1 кисела павлака
3 коцки фета сирење
малку црн пипер
3-4 кисели краставици

Постапка:

Од наведените состојки замесете меко тесто и оставете го да одлежи половина час во фрижидер.

Зелениот дел од кромитчето исечкајте го ситно, киселите краставички и шунката исечкајте ги на коцкички.

Потоа помешајте со кисела павлака, јајца, пармезан, здробено фета сирење и црн пипер.

Тестото развлечете го на дното од калапот за пити, а одозгора нанесете го филот.

Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени 30-45 минути, во зависност од рерната.

Можете да послужите со зелена салата.

Loading...