Ја сакам тунел тортата, но овој пат не ми се печеа кори, па затоа малку ѕидав. Ова е многу поедноставен рецепт за познатата тунел торта, кај која треба да се испечат три кори, па да се филува, и на крај сето да се нареди и обликува.
Во оваа скратена верзија воопшто не ви е потребна рерна, а сепак резултатот ќе ве воодушеви. Накратко, овој рецепт секогаш можете да го искористите кога немате многу време или сте презафатени со друга работа.
Потребни состојки за подлога: 200 г мелени бисквити, 200 г мелени ореви, 100 г чоколадо за готвење, 100 г шеќер во прав, 125 г путер или маргарин и 1 портокал (кора и сок – 50 мл)
За фил: 750 мл млеко, 7 лажици шеќер, 6 лажици (полни) густин, 125 г путер или маргарин, 200 г чоколадо за готвење, 100 г бело чоколадо. И уште: 250 г пишкоти
Постапка: во еден подлабок сад измешајте ги бисквитите и оревите, па додајте шеќер и рендана кора од портокал. Растопете го путерот па во него додајте искршено чоколадо и мешајте додека чоколадото да се растопи.
Добиената смеса излејте ја во сувите состојки, додајте сок од портокал и промешајте убаво за да се изедначат состојките. Кога смесата ќе се изедначи и ќе стане хомогена, може лесно да се обликува со рацете.
На тацна обликувајте валјак со должина од околу 27 см и оставете да излади додека го приготвувате филот: густинот разматете го со малку ладно млеко, а остатокот од млекото и шеќерот ставете ги на оган, па кога ќе зоврие додајте го разматениот густин и брзо мешајте додека да згусне.
Сварениот крем тргнете го на страна и оставете го на ладно со повремено промешувајте за да не фати коричка. Путерот на собна температура изматете го пенасто, па соединете го со целосно изладениот крем.
Од смесата одвојте 1/3 па промешајте 100 г растопено бело чоколадо. Во остатокот од кремот измешајте 200 г растопено црно чоколадо. Од белиот крем одвојте 1/3 и премачкајте преку подлогата.
Преку белиот крем премачкајте тенок слој темен крем, редете пишкоти (малку натопете ги во млеко или во сок од портокал) со мало растојание (по ширина 6 пишкоти, по должина 2,5).
Празнината помеѓу пишкотите пополнете ги со темен крем и премачкајте само толку колку да се прекријат пишкотите. Премачкајте со остатокот од белиот крем, повторно тенок слој темен крем, па пишкоти (7 пишкоти по ширина).
Пополнете ја празнината помеѓу пишкотите и премачкајте со остатокот од кремот. Украсете по желба. / Вукица / Сооlinarika.com