Многу брзо и едноставно!
Потребни состојки: 250 г путер или маргарин, 3 јајца, 300 г шеќер, 200 г чоколадо, 2 лажици какао во прав, 100 г пржен сусам, 100 г сечкани, пржени, несолени кикирики, 200 г мелени бисквити, 100 г чоколадо за глазура и неколку капки масло
Постапка: Путерот растопете го на тивок оган. Јајцата изматете ги со шеќерот па додадете ги во путерот.
Гответе на тивко додека да се растопи шеќерот, па додадете какао, чоколадо, и полека мешајќи додадете кикирики, бисквити и сусам кои претходно сте ги измешале заедно.
Во калап намастен со неколку капки масло истурете ја топлата смесата. Почекајте да се стврдне, па ставете чоколадна глазура. Сечете на парчиња и послужете со кафенце или чај.