Веројатно не постои нешто што ги одбива комарците, туку само нешто што ги привлекува. Дури и репелентите кои ги користиме, не ги одбиваат комарците од нас, туку нè маскираат на начин на кој овие инсекти не можат да нè забележат. Всушност, репелентите нè прават невидливи за комарците, пишува НМД.мк




Она што ги привлекува комарците е јаглеродниот диоксид кој го испиштаме преку ди-шењето. Во зависност од топлината на нашето тело или од храната која сме ја дигестирале, зависи и колку ќе им бидеме привлечни на овие кр-вопијци.




Според некои податоци, голема улога игра и кр-вната група на луѓето, но кога настапува сезоната на женските комарци, тие просто не бираат и жедни се за секаква кр-вна група.

За среќа постојат досетливи луѓе кои секогаш умеат да пронајдат решение за секој проблем, па дури и за одбегнување на досадните комарци. Како и кај решавањето на секој проблем најважен е пристапот, пишува НМД.мк




Прво нешто кое го знаеме за комарците е дека ги привлекува јаглеродниот диоксид. Тоа значи, дека потребно е да им направиме зам-ка која континуирано ќе го произведува овој гас и комарците ќе ги привлекува кон него.




Генијалноста на оваа идеја е една состојка која го испушта јаглеродниот диоксид и ги привлекува комарците како магнет, па тие влетуваат во зам-ката и таму остануваат за-робени и уги-нуваат. Ова е искуството на една жена која го сподели својот изум:




„Живеам во место покрај мало езеро и шума, а овде комарците во текот на летото се не-подносливи. Буквално, спроти нас, на патот има една автобуска постројка и ги гледам луѓето кои чекаат автобус како постојано мавтаат со рацете за да се одб-ранат од комарците.




Со години истражувавме со сопругот и пребарувавме разни достапни информации, како да ги одбиеме од нашиот двор овие досадни инсекти. Имаме преубав двор и градина и никако не можеме да си поседиме поради нив, особено предвечер кога најмногу на-паѓаат.




И тогаш го откривме овој феноменален метод. Станува збор за неверојатна зам-ка за комарци, но и за други досадни инсекти, како што се мушичките, на пример. Потребни ви се две пластични шишиња од 1,5 литар и една од 5 литри.




Врвовите на помалите шишиња исечете ги со ножици со должина од приближно 15 см, а остатокот (дното) не ви е потребно. Капачињата исто така, не ви се потребни. Потоа, на шишето од 5 литри треба странично да му направите две дупки во кои ќе ги поставите грлата на двете помали шишиња.




Тие всушност ќе бидат влезовите во зам-ката и затоа прицврстете ги добро со лепак. Сега, потребно е да го направите она главното, односно течноста која ќе ги привлекува комарците и во која ќе остануваат заро-бени.

Во големото шише ставете околу 300 мл вода, додајте две големи лажици шеќер, една лажичка сув квасец и добро промешајте за да се соедини. При активирањето на квасецот се испушта јаглероден диоксид кој ќе ги привлекува комарците како магнет.




Ако дворот ви е голем, направете повеќе вакви зам-ки, а доколку живеете во стан и имате тераса, тогаш една ќе ви биде доволна“, советува оваа жена. Оваа направа може да се направи и само од едно шише, а постапката можете да ја погледнете во фотографиите подолу: