Комбинациите и вкусовите можете да ги менувате и секогаш ќе имате нов и уникатен десерт во чаша. Ако ви се јаде нешто благо, лесно, кремасто и освежително, а сето тоа да се приготвува многу брзо, во чаша, тогаш ова е вистински рецепт за вас. Во продолжение можете да прочитате уште еден рецепт, во кој се понудени неколку варијанти од креми.




Потребни состојки за чоко-плазма: 1 кесичка шлаг, 150 мл млеко, 200 г мелена плазма бисквити, 50 г шеќер во прав и 50 г чоколадо

За пудинг смеса: 500 мл млеко, 4 лажици шеќер и 1 пудинг од ванила. За шлаг смеса: 2 кесички шлаг крем од ванила и 300 мл млеко. За наросување: 150 г мелена плазма. За декорација: 1 кесичка шлаг, по желба чоко-кекси




Постапка за приготвување на чоко-плазма смеса: Изматете го шлагот со млекото. Во мелените биксвити додајте шеќер во прав, промешајте, па додајте го изматениот шлаг и сето добро соединете го со миксер. Чоколадото растопете го на пареа, па додајте го во изматената смеса. И него соединете го.




За приготвување на пудинг смесата: одвојте малку млеко и во него разматете прашок за пудинг. Остатокот од млекото ставете го со шеќерот да зоврие. Потоа во него додајте ја разматената смеса и на тивок оган варете со постојано мешање додека да згусне.




За шлаг смесата: Крем шлагот изматете со го млекото. Редење: На дното од десертните чаши ставете по една лажица од чоко-плазма смесата. Потоа додајте две лажици пудинг. Врз пудингот нанесете една лажица од смесата чоко-плазма, па 1-2 лажици шлаг. На крај наросете со една лажица мелена плазма.




За декорација: Шлагот изматете го со млекото, па со помош на шприц нанесете го одозгора. Декорирајте по желба со мини чоко плазмички и рендано чоколадо. / Coolinarika.com / Прочитајте ги предлозите и од вториот рецепт:




За долен слој или кекс слој: 300 г мелени плазма кекси и 80 г путер. Растопете го путерот, додајте го во мелената плазма кекс и добро измешајте. Треба да добиете смеса со конзистенција слична на влажен песок. Со лажица црпнете од смесата и спушете во секоја чаша, па малку распоредете.




За ванила слој: изматете го пудингот од ванила за кој е потребно само малку да се измати, па додајте 200 мл изматена слатка павлака или сварете го пудингот во 300 мл млеко, почекајте да се олади, па во него додајте 100 г путер или 200 мл слатка павлака.




Можете да направите и слаткарски крем од две жолчки, 250 мл млеко, 60 г шеќер и 30 г густин. Откако ќе го сварите кремот и ќе го оставите целосно да излади, па додајте 100 г измиксан путер и 200 мл измиксана слатка павлака во шлаг. Одберете што повеќе ви се допаѓа.




Ставете ја смесата во обичен шприц и во круг ставете во секоја чаша. Она што ќе ви преостане исцедете го од шприцот и оставете го во фрижидер, ќе ви затреба повторно.

Врз ванила делот одговара да ставите нешто крцкаво, а по желба може и овошје, особено одговара некое бобесто овошје. А може да ставите било што, бананчиња, јафа кекси, чоколадо со кекси, орео, петит, плазма, малини, јагпди, наполитанки…значи што и да сакате.




Преку ова ставете слој од слатка павлакаили шлаг, по желба. 200 мл слатка павлака или кесичка шлаг, што и да ви преостане, додајте во чинијата каде е ванилата. Врз белиот дел додајте остаток од кекси. Распоредете рамномерно во сите чаши.

Измешајте ја ванилата и шлагот кои преостанале, ставете во шприц и завршете го горниот слој. Можеби поради долгиот текст ќе ви делува долго и споро, но верувајте дека не е. Во една чинија изматете го путерот заедно со кексите.

Во друга чинија изматете го ванила кремот, а во трета чинија слатката павлака, на пример 400 мл, па половина од количината додајте во ванила кремот и изматете. Тоа е сè. Декорацијата е по желба.