Нутриционистот Андријана Чулафиќ одговори на најчесто поставуваните прашања кои се однесуваат на популарниот напиток кој помага во слабеењето – топла лимонада.
Нутриционистката Андријана Чулафиќ зборуваше за повеќето заблуди кога станува збор за слабеењето, за индивидуалниот пристап кон секој поединац и откри дали навистина помага топлата лимонада кога станува збор за намалување на в ишокот к илограми.
Она што сите ги интересира е дали топлата лимонада, која е многу популарна кај жените, е ефикасна при процесот на слабеење.
„Топлата лимонада може да се каже дека е вистински х ит, што навистина има смисла. На тој начин, денот го започнуваме со нешто што придонесува за алкалност на нашите клетки, кои се вистински штит.
Таа чаша лимонада не мора да биде топла, тој напиток ги разбудува нашите клетки на најдобриот можен начин. По околу 20 минути (откако ќе се испие лимонадата), започнува појадокот и тоа е идеален начин да се започне денот“, вели таа.
„Кога зборуваме за метаболички проблеми, најголемиот од сите е што немаме урамнотежена исхрана. Го прескокнуваме појадокот, поради недостаток на време или навики, а таа лимонада е најдобриот начин да се започне денот за оние кои го практикуваат. Важно е од дома да понесеме нешто здраво за јадење, а не да се храниме во пекарници и „фаст фуд“ ресторани“, изјави нутриционистот.
Кога станува збор за утринското кафе, нутриционистите сметаат дека не е добро да се пие на празен стомак.
„Дури и со таа лимонада, кафето воопшто не е добро, бидејќи создава киселост во организмот. Најдобра би било по овој редослед: лимонада, појадок, па по некое време откако ќе се свари појадокот, да се испие кафе“, вели Андријана.
БЕНЕФИТИ ОД ТОПЛАТА ЛИМОНАДА: Како богат извор на витамин Ц, лимоновиот сок го подобрува имунитетот. Пиењето на лимонов сок со топла вода секое утро помага во одржување на рН рамнотежата во телото. Со своите моќни антибактериски својства, лимоновиот сок помага во б орбата против инфекции.
Делува како средство за дбетоксикација. Помага во одржување на дигестивното здравје. Покрај виѕаминот Ц, лимонот е исто така богат извор на калиум, калциум, фосфор, магнезиум итн. Помага и во б орбата против настинките. Лимонот исто така е популарен лек за многу кожни проблеми, почнувајќи од акни, осипи и брчки до темни дамки.
Лимоновиот сок со топла вода помага во брз г убиток на к илограми, бидејќи поттикнува варење и го забрзува метаболизмот. Многу е ефикасен во чистењето на црниот дроб, бидејќи го поттикнува во поефикасно исфрлање на т оксините.
Лимоновите антиинфламаторни својства помагаат во б орбата против респираторниот тракт, воспление на грлото и воспаление на крајници. Лимоновиот сок со топла вода го хидрира телото и му обезбедува електролити.
Топлата лимонада исто така помага во намалување на б олките во зглобовите и мускулите. Лимоновиот сок со топла вода исто така е добар за здравјето на непцата и забите, бидејќи спречува гингивитис (после пиење на лимонов сок не треба да се јаде барем половина час).